петок, 16 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Shar Planina | 48 резултати

Пожарот меѓу селата Ѓермо и Селце веќе петти ден е активен

15 април 2024

Веќе петти ден пожарникарите се справуваат со пожарот на Шар Планина, кој започна кај село Ѓермо, а сега се прошири во близина на селото Селце. Според регионалниот Центар за управување со кризи во Тетово, пожарот е на  „оддалечен и тешко пристапен терен, а гори букова шума, ливади и меѓни стебла и ниска вегетација“. Има тенденција […]

Мечка нападнала дански турист на Шар Планина, скијал надвор од скијачка патека

5 март 2024

Мечка утрово нападнала дански турист, кој заедно со група скијачи учествувал во „фри рајд“ скијање, надвор од скијачки патеки во месноста Јелак на Шар Планина, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Настанот се случил пред 11 часот утрово во близина на Попова Шапка. Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на […]

Падна договор: Тетово и Призрен ќе се поврзат преку тунел од 6,4 километри низ Шар Планина

12 јануари 2024

Заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи и министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу, денеска го потпишаа Договорот за кофинансирање за проектирање за изградба на тунелот на новиот патен правец Тетово – Призрен. „Поврзувањето со Косово ќе се направи преку изградба на тунел долг 6,4 километри, за што […]

„Шорткат“: На Шар Планина се случува екоцид

9 ноември 2023

Прогласувањето на Шар Планина за национален парк не ги запре несовесните граѓани да фрлаат отпад насекаде во природата. Повеќе за овој екоцид информираме во новата епизода на „Шорткат“. Во вестите за млади неделава носиме информации и за студентите – во тек е конкурсот за стипендии за редовните студенти, а формиран е и новиот состав на […]

Малите хидроцентрали на Шара што веќе биле почнати ќе се доизградат, а нови ќе нема, велат од МЖСПП

24 јули 2023

Нема нови концесии за мали хидроцентрали во Националниот парк „Шар Планина“, туку се работи за објекти чија градба е веќе започната, а за кои се дава нов рок за да се довршат. Министерството за животна средина денеска испрати објаснување дека го почитува договорт и не издава нови концесии за енергетски објекти во заштитени подрачја, откако […]

„Маврово“ и „Шара“ стануваат дел од најголемата заштитена зона во Европа

12 декември 2022

Националните паркови „Маврово“ и „Шар Планина“ ќе станат дел од најголемиот прекуграничен парк во Европа, заедно со Паркот на природата „Кораб-Коритник“ во Албанија и Националниот Парк „Шари“ на Косово. Министерот за животна средина Насер Нуредини, заедно со колегите од Албанија и Косово, Мирела Кумбаро и Либурн Алиу викендов, по повод Меѓународниот ден на планините, во […]

Раскинати договорите за изградба на седум мали хидроцентрали на Шара

4 октомври 2022

Договорите за концесија за седум мали хидроцентрали на Шар Планина се раскинати, а на концесионерите ќе мора да им се вратат концесискиот надомест и трошоците кои ги направиле досега. Одлуката за спогодбено раскинување на договорите Владата ја усвои денеска, а таа се однесува на шест мали хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и […]

Шара да стане бренд за еко туризам и да се развива во хармонија со природата

18 септември 2022

Да се развива алтернативен туризам, одржливо да се управува со природните ресурси, како и со живеалиштата и екосистемите, да се зачува природното и културното наследство, а истовремено да се обезбеди локален развој и да се едуцира населението кое живее на територијата на Националниот парк Шар Планина, се основите на кои се темели Нацрт-Планот за управување […]

НП „Шар планина“ сѐ уште не е во функција, граѓаните се жалат на заканите за планината

17 септември 2022

Нацрт-планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“ за периодот 2022-2031 година има нејаснотии во толкувањето. Ова беше еден од проблемите што беа посочени во јавната расправа за Шар Планина, за што Министерството за животна средина и Даниел Богнер, експерт за управување со заштитени подрачја, ветија дека ќе ги поправат во наредниот период. Новата јавна […]

Нуредини: Ја прошируваме соработката со ПОНТ и во НП „Шар Планина“

27 мај 2022

На Попова Шапка денеска се потпиша Договор за грант за планирање меѓу Фондот за природа Преспа-Охрид (ПОНТ) и ЈУНП Шар Планина со кој се обезбедија дополнителни средства потребни за функционирање на новоформираната јавна установа. „Добрата соработка на Министерството за животна средина и просторно планирање и Фондот за природа Преспа-Охрид, што започна во 2018 година со […]

Националните паркови имаат огромен потенцијал за еколошки туризам

24 април 2022

Пешачење или возење велосипед во природа, здрава храна произведена од локални производители на еколошки начин, чист воздух и вода и многу шума и зеленило. Можностите за еколошки туризам во земјава се огромни, а четирите национални паркови со своето природно богатство и биодиверзитет се вистински потенцијал за развивање на одржливи бизниси. Зачувувањето на животната средина од […]

Животната средина и во 2021 година на маргините: Mногу одлуки на хартија, слаба имплементација

4 јануари 2022

Шар Планина стана национален парк, четвртиот во земјава и прв прогласен по осамостојувањето на земјата. Една од најголемите жешки точки во земјата, ОХИС се исчисти од многу хемикалии, а се решава и линданот од малата депонија. Состојбата со Охридското езеро и водите е толку алармантна, што Бернската конвенција отвори случај против земјата за заканите врз […]

Основана Јавната установа што треба да ја штити и управува Шар Планина

28 јули 2021

Владата ја основаше Јавната установа која ќе управува и ќе го штити Националниот парк Шар Планина. Оваа институција ќе треба да го спроведува Планот за управување со паркот, што е последниот голем чекор за обезбедување на целосна и вистинска заштита на природните богатства на овој регион. Дел од Шар Планина беше прогласена за национален парк […]

Нуредини: Преговараме со концесионерите да не се градат мали хидроцентрали на Шара

7 јули 2021

Искусни ренџери ќе го чуваат Националниот парк Шар Планина и ќе се грижат за заштита на природните богатства и живиот свет, најави денеска министерот за животна средина Насер Нуредини и посочи дека активно се преговара во заштитениот дел да не се градат нови мали хидроцентрали. Јавната установа за управување со заштитеното подрачје треба да се […]

Порталб.мк: Прогласувањето на Шара за национален парк нема да ја запре изградбата на 7 мали хидроцентрали

30 јуни 2021

Започнаа градежните работи за изградба на хидроцентралите на Шар Планина. И покрај фактот дека е прашање на денови кога Шара ќе се прогласи за национален парк, седумте хидроцентрали кои веќе започнаа да се градат, ќе бидат изградени. Порталб.мк ова го дозна од директорот за Управата за животна средина, Хисен Џемаили. Според активистот Садик Абдирахими, хидроцентралите […]

На Шара мора да се зачуваат природата и традициите и да се развива еко туризам

29 април 2021

Заштита на природата, биодиверзитетот и пејсажите, развој на планинските села и на еко туризмот, поттикнување на традиционалните активности на локалното население и транзиција во раководењето со шумите и пасиштата, се главните активности кои ќе треба да ги содржи идниот План за управување со националниот парк „Шар Планина“. На настанот кој денеска беше организиран од Регионалната […]

Да се јакне брендот Шара и да се развива еко-туризмот, локалното население задоволно што ќе има нов национален парк

30 март 2021

Над 80 отсто од жителите на Тетово и Гостивар, како и на 38 села на Шар Планина и сега и во 2016 година сметаат дека планината треба да стане национален парк. Свесноста на населението дека Шара треба да се заштити бележи раст, а особено се однесува на дрвјата, шумите и живиот свет. Жителите од овој […]

Законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк оди на усвојување во Собранието

27 март 2021

Владата го утврди конечниот текст на предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк и донесе заклучок да биде доставен на усвојување во Собранието. „Како што веќе беше објавено, основната цел на ова законско решение е прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје од втора категорија – Национален парк, заради […]

Нуредини ја стави Шара во привремена заштита, екологистите задоволни

22 март 2021

Министерот за животна средина Насер Нуредини ја стави Шар Планина во привремена заштита сè додека не биде прогласена за национален парк. Како што информираат од министерството, Нуредини денеска донел решение според законот за заштита на природата, за привремена заштита на делот од Шар Планина за кој се води постапка за прогласување за заштитено подрачје во […]

Еколошките организации бараат заштитните зони на Шара да ги опфатат и малите хидроцентрали

4 март 2021

Предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, што го усвои Владата, не обезбедува заштита од најголемиот еколошки проблем на планината, малите хидроелектрани, сметаат граѓанската организација „Еко-свест“ и Македонското здружение на млади правници. Во заеднички допис до јавноста, двете организации посочуваат дека првата верзија на предлог-законот, согласно со препораките од Студијата за […]

Страна 1 од 3