„Шорткат“: Дали и колку младите се ранливи на дезинформации?

Новите вести за млади ќе бидат објавени вечерва на нашите канали на Инстаграм, ТикТок, Јутјуб и Фејсбук

Со Петра Балажич од словенечкиот Центар за европски перспективи разговаравме за тоа дали и колку младите се ранливи на дезинформации и што треба да се преземе за да се зголемат свесноста и отпорноста на младите кон ширењето дезинформации онлајн. Најважното од разговорот може да го погледнете вечерва во новата епизода на „Шорткат“.

Во вестите за млади неделава информираме за почетокот на новата академска година и ги потсетуваме студентите на рокот за продолжување на стипендиите.

Ќе видиме и какви еко-акции организираше здружението „Гоу Грин“ за Европската недела на мобилност.

Новите вести за млади ќе бидат објавени вечерва во 19 часот на сите наши канали на социјалните мрежи.