Вечерва во „Шорткат“ дознајте повеќе за видеоиграта „Скопје“

Новата епизода од емисијата за млади ќе биде објавена вечерва

Видеоиграта „Скопје“, чиешто демо беше претставено на еден од најреспектираните гејминг-фестивали „Pax West“ во Сиетл, е во фокус на новата епизода на емисијата за млади „Шорткат“. Разговараме со креаторот на играта, програмерот Кристијан Трајковски.

Носиме вести и за рокот за пријава на нашата работилница за млади новинари кој истекува вечерва, како и за опасните дезинформации што и понатаму се шират за студентските домови во Скопје.

Меѓу информациите ги носиме и најновите стрип вести, овој пат за „Алан Форд“.

„Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот на сите наши канали на социјалните мрежи.