„Шорткат“: Изум на тројца матуранти за комуникација со глувонеми лица

Новите вести за млади ќе се емитуваат вечерва во 19 часот на сите наши канали на социјалните мрежи

Фото: Мета.мк

Овозможување на глувонемите лица полесно да комуницираат со лицата кои можат да слушаат и да зборуваат. Ова е изумот на тројца перспективни матуранти од училиштето „Михајло Пупин“, со можност за превод на знаковниот јазик во текст, преку посебен изум – дигитална ракавица.

Тројцата ентузијасти – учениците Никола Бансколиев, Владимир Вешоски и Владимир Донев, во новата епизода на „Шорткат“ говорат за својот извонреден изум кој би бил од голема помош за глувонемите лица, да комуницираат на полесен начин.

Во новите вести за млади информираме и анализата за пристапот до високо образование на лицата со попреченост, која покажува дека само на еден од 10 факултети, студентите со попреченост може да добијат литература во соодветниот формат.

Дополнително, следат и препораки на д-р Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје, кој препорачува во текот на летото да се избегнува капење во застоена вода која не се филтрира, која е типична за базените во кои има застоена вода и е совршена за ширење бактерии, вируси и габи.

Во новата епизода на „Шорткат“, која ќе се емитува вечерва во 19 часот на сите наши канали на социјалните мрежи, пренесуваме и препораки за избегнување на горештините и топлотниот бран.