„Шорткат“: Иновативни еко-плочки од селектирана пластика во Гевгелија и Кочани

Вестите за млади доаѓаат вечерва во 19 часот

SHORTCUT 103

Како отпадната пластика во Гевгелија и Кочани се претопува во иновативни еко-плочки за надворешна употреба, може да дознаете во новата епизода на „Шорткат“ што ќе биде објавена вечерва.

Во новите вести за млади информираме за нашето учество на фестивалот Џифони Македонија, а го најавуваме и Конкурсот за краток хорор расказ кој го распишавме четврта година по ред.

Ја носиме и веста за студентите на Бреинстер кои ќе креираат апликација за детектирање и пријавување на загадувачите на воздухот.

Вестите за млади доаѓаат вечерва во 19 часот на нашите канали на Инстаграм, ТикТок, Фејсбук и Јутјуб.