понеделник, 9 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: селекција на отпад | 52 резултати

Најголем дел од ѓубрето лани завршило на депонија, селекцијата учествува само со 18,3% [инфографик]

30 април 2023

Селекцијата на отпад останува голем проблем за македонското општество. Само 18,3 отсто од комуналниот отпад во Македонија лани минал низ примарна или секундардна селекција, а со тоа е овозможен соодветен третман преку рециклирање на ова ѓубре. Наспроти ова, над 80 отсто од целокупниот комунален отпад собран во 2022 година завршил на општинските депонии. Податоците на […]

Граѓаните селектираат шишиња и лименки за да добијат поени за пазарување во маркетите

7 април 2023

Новите вендинг машини за селекција на лименки и пластика во скопските маркети привлекоа огромен интерес на граѓаните од Скопје и Тетово за селекција на отпадот. „Пакомак“ постави 25 нови вендинг машини во маркетите на Тинекс и ВЕРО во Скопје, како и 2 машини во ВЕРО во Тетово. Познатиот принцип од западноевропските земји за селекција на […]

Последна епизода на „Шорткат“ за оваа сезона: Селекција на отпад во Скопје и Тетово

6 април 2023

Од почетокот на годинава, граѓаните на Скопје и Тетово имаат можност да селектираат отпад во нови вендинг машини што се поставени низ маркетите во овие градови. Лименки и пластични шишиња може да се селектираат во машините на „Пакомак“, а за возврат граѓаните добиваат зелени поени кои можат да ги искористат за пазарување во маркетите. Како […]

Домаќинствата во Струмица добија канти за сeлекција на пластика

19 март 2023

Граѓаните на Општина Струмица ќе селектираат отпад во своите домови. Над илјада домаќинства во оваа општина добија канти за селекција на пластичен отпад во рамките на проектот „Патоказ за еко-паметна општина“ што го спроведува Центарот за климатски промени, со поддршка од Амбасадата на САД. Целта на проектот е промовирање на одржливо живеење и создавање функционален […]

Во новата епизода на „Шорткат“: Приказната на украинската дизајнерка Матјушенко

2 март 2023

Елизавета Матјушенко е една од украинските бегалци кои спасот од руските гранати го нашла во Македонија. Младата дизајнерка денес, со дел од своето семејство, живее и работи во Скопје. Повеќе за нејзината приказна дознајте во новата епизода на „Шорткат“. Во неделните вести за млади информираме и за новоотворената просторија за дружење во студентскиот дом „Пелагонија“, […]

Ѓубрето на депонија е безвредно, но неговата селекција и третман може да донесе пари на општините [инфографик]

25 февруари 2023

Комуналниот отпад фрлен на депонија е безвреден, но селекцијата на ѓубрето и нејзиниот натамошен третман на собирните центри или трансфер станици на јавните комунални претпријатија би можело да ја зголеми вредноста на селектираниот отпад и да се постигне финансиски одржлив систем. Оваа порака ја испраќаат експертите во врска со загрижувачката состојба со нискиот процент на […]

Претседателот Пендаровски го посети социјалното претпријатие РЕДИ Рециклажа

1 февруари 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети социјално ориентираното претпријатие РЕДИ Рециклажа, основано од здружението „Иницијатива за економски развој на Ромите – РЕДИ“, информираат од претседателскиот кабинет. Тој беше запознаен со нивната работа и процесот на собирање на секундарни суровини од поставените корпи лоцирани во општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода. Претставниците на здружението и зелените […]

Над 3.500 жители на Центар селектираат отпад, „ПОЦ“ планира да го прошири проектот

18 декември 2022

Две години по неговото воведување, проектот „И отпадот има вредност!“ на Општина Центар и јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“ (ПОЦ) е прифатен од над 3.500 жители кои вршат селекција на отпадот преку Green Pay картичката, а досега преку вендинг машините се собрани повеќе од 576.800 пластични шишиња и лименки или приближно 12 тони отпад […]

Нуредини: Гас има доволно, Скопје-Север не треба да работи на мазут

29 ноември 2022

Топланата Скопје- Север треба да користи гас, бидејќи во државата има доволни количини, рече денеска министерот за животна средина Насер Нуредини. Тој посочи дека овој енергетски објект, за разлика од топланите Исток и Запад, кои имаат А интегрирани дозволи и се под нивна надлежност, има Б интегрирана дозвола и надлежноста за контрола е во Градот […]

РЕДИ-Рециклажа ќе собира селектиран отпад и од зградите во Аеродром, Бутел, Гази Баба и Кисела Вода

23 ноември 2022

Градоначалниците на општините Аеродром, Бутел, Гази Баба и Кисела Вода потпишаа меморандуми за соработка со социјалното претпријатие „РЕДИ-Рециклажа“ кое повеќе од една година работи со примарна селекција на отпадот од станбените згради во Скопје. Меморандумите за соработка беа потпишани во рамките на вториот меѓународен „РЕДИ Самит“ кој вчера и денеска се одржува во Скопје. Градоначалникот […]

Од продажба на ќеси собрани над 720.000 евра, средствата ќе одат за селекција на отпад низ градовите

27 јуни 2022

Од продажбата на биоразградливи ќеси за само четири месеци се собрани над 44,7 милиони денари или над 720.000 евра, информираат за Мета.мк од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП). Станува збор за периодот од 1 декември лани до крајот на март 2022 година, при што пресметките и уплатите на трговците од продажбата на […]

Почнува креативната работилница за намалување, реупотреба и селекција на отпад – Видео игротека

30 мај 2022

Патувачки предавања за заштита на животната средина, соларна проекција на филм и работилници за деца за изработка на видео игри од денеска (30 мај) тргнуваат во неколку градови низ републиката во рамките на проектот „Видео игротека“ што го организира Унијата на македонски асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје. Првиот од низата настани е предавање и […]

Селекцијата лани минорно зголемена, 82,7 отсто од отпадот како мешан завршува на депонија [инфографик]

4 мај 2022

Селекцијата на отпадот останува неразрешлив проблем за македонските домаќинства и компании. И во 2021 година, најголем дел од комуналниот отпад што сме го создале, без било какво одвојување и фрлање во посебни контејнери, како измешано ѓубре завршило на депониите низ земјава. Според податоците од Државниот завод за статистика, дури 522.914 тони од собраното ѓубре по […]

Студентите ќе рециклираат и ќе добиваат пари на студентска картичка [фото]

27 април 2022

Студентите кои се сместени во трите студентски домови во Скопје, од сега ќе можат да рециклираат пластика и лименки за што ќе добиваат надомест на својата студентска картичка. За таа цел, на иницијатива на студентите која ја прифатило раководството на домот, во влезовите во зградите на студентскиот дом „Гоце Делчев се поставени автомати за рециклирање, […]

ЕБОР со одлични оценки за владината апликација за изградба на регионалните депонии во земјава

14 април 2022

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) дала 73 поени и со термините „добро управуван“ и „инклузивен“ ја оценила владината апликација за кредит во висина од 55,3 милиони евра за изградба на регионалните депонии по стандардите на ЕУ за пет региони од земјава. Банката на почетокот од јуни годинава треба да ја објави финалната одлука […]

Асиб Зекир: РЕДИ го собира селектираниот отпад од 120 згради низ Карпош, наскоро почнува и во Аеродром

16 март 2022

РЕДИ-Рециклажа е социјално претпријатие коешто започна да функционира во Скопје минатата есен. Нивните два главни мотива за функционирање се зголемување на процентот на селектиран отпад – хартија и пластика и отпочнување на процес за формализирање на професијата – собирач на отпад во земјава. РЕДИ-Рециклажа со нивните електрични, еколошки трицикли и вредните работници веќе неколку месеци […]

Во „Дрисла“ не се селектира и рециклира отпад, иако Скопскиот регион создава најмногу ѓубре

15 март 2022

Скопската депонија „Дрисла“ е најголема локација каде што се одлага отпадот на национално ниво, но која што до денешен ден не поседува секундарен центар за селекција на отпад и постројки за рециклирање на отпадот. Пред три недели беше пуштен во употреба модерен стерилизатор за третман на медицинскиот отпад (автоклав), но другите видови на отпад се […]

„Кока-кола“ си постави цел една четвртина од шишињата до 2030 година да постанат реупотребливи

12 февруари 2022

По бројните критики на еколошките организации ширум светот, компанијата „Кока-Кола“ соопшти дека си поставиле цел – минимум 25 отсто од нејзините пакувања до 2030 година да постанат реупотребливи и еколошки, јавува Ројтерс. Ова значи дека барем четвртина од сите пакувања на пијалоците ќе бидат изработени од повратна стаклена и пластична амбалажа. Притоа, „Кока-Кола“ до 2030 […]

Џабе се жалиме дека ѓубрето нè труе ако ја спречуваме изградбата на современи депонии

7 февруари 2022

Одложувањето на изградбата на регионалните депонии во земјава единствено е на штета на граѓаните и на животната средина. Покрај тоа што ги загадуваат почвите, водата и воздухот, постојните општински депонии се со ограничен капацитет и тие еден ден ќе се наполнат. Од друга страна, регионалните депонии што би се изградиле се поразлични од она што […]

Комунална хигиена лани селектирала само 0,32 отсто од вкупниот отпад собран во Скопје

31 јануари 2022

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ Скопје во 2021 година успеало да селектира и балира 538,8 тони отпад, а вкупното количество на собран комунален отпад е 166.678 тони. Ова значи дека тие успеале да селектираат скромни 0,32 отсто од собраното ѓубре од контејнерите, додека преостанатите количества завршиле на скопската депонија „Дрисла“. Како што информираат за Мета.мк од […]

Страна 1 од 3