fbpx
Таг: селекција на отпад

таг: селекција на отпад

Во „Дрисла“ не се селектира и рециклира отпад, иако Скопскиот регион создава најмногу ѓубре

Скопската депонија „Дрисла“ е најголема локација каде што се одлага отпадот на национално ниво, но која што до денешен ден не поседува секундарен центар за селекција на отпад и постројки за рециклирање на отпадот. Пред три недели беше пуштен во употреба модерен стерилизатор за третман на медицинскиот отпад (автоклав), но другите видови на отпад се носат директно на одлагање...

„Кока-кола“ си постави цел една четвртина од шишињата до 2030 година да постанат реупотребливи

По бројните критики на еколошките организации ширум светот, компанијата „Кока-Кола“ соопшти дека си поставиле цел - минимум 25 отсто од нејзините пакувања до 2030 година да постанат реупотребливи и еколошки, јавува Ројтерс. Ова значи дека барем четвртина од сите пакувања на пијалоците ќе бидат изработени од повратна стаклена и пластична амбалажа. Притоа, „Кока-Кола“ до 2030 година планира 50 отсто од...

Џабе се жалиме дека ѓубрето нè труе ако ја спречуваме изградбата на современи депонии

Одложувањето на изградбата на регионалните депонии во земјава единствено е на штета на граѓаните и на животната средина. Покрај тоа што ги загадуваат почвите, водата и воздухот, постојните општински депонии се со ограничен капацитет и тие еден ден ќе се наполнат. Од друга страна, регионалните депонии што би се изградиле се поразлични од она што го имаме сега, бидејќи...

Комунална хигиена лани селектирала само 0,32 отсто од вкупниот отпад собран во Скопје

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ Скопје во 2021 година успеало да селектира и балира 538,8 тони отпад, а вкупното количество на собран комунален отпад е 166.678 тони. Ова значи дека тие успеале да селектираат скромни 0,32 отсто од собраното ѓубре од контејнерите, додека преостанатите количества завршиле на скопската депонија „Дрисла“. Како што информираат за Мета.мк од ЈП „Комунална хигиена“, во нивните...

Општина Свети Николе не сака регионална депонија во Мечкуевци, под ризик да пропаднат 40 милиони евра

Европската Унија (ЕУ) на земјава ѝ даде неповратни финансиски средства од 40 милиони евра за изградба на регионална депонија по европски стандарди за Источниот и Североисточниот плански регион, но новото локално раководство на Општина Свети Николе пред самото распишување на меѓународниот тендер за нејзина изведба вели дека не се согласуваат да се гради проектот на локацијата близу селото Мечкуевци. „За...

Во Валандово започна пилот-проект за селекција на отпадот од граѓаните

Општина Валандово го започна пилот-проектот за селекција на отпадот на нејзина територија, за што е создадена општествено одговорна апликација „Селектирај отпад“. „Селектирај отпад“ е прва апликација во нашиот регион која има за цел да го промени начинот на собирање на отпад, а воедно и нуди можност за личен паричен бенефит за граѓаните од своето учество“, информираат од локалната самоуправа во...

Предмети што се селектираат беа билет за првото соларно кино во Скопје

Во организација на Здружението „Go Green“, а со поддршка на Француската амбасада и Францускиот институт во Скопје, денеска во Кинотека на Македонија се одржа првото соларно кино. Присутните можеа да ја проследат проекцијата на францускиот документарец „Си беше една шума“, но за да уживаат во филмот кој беше напојуван од соларна енергија, требаше да „платат“ со селектиран отпад. Пред влезот...

Гоу Грин го организира првото соларно кино во Скопје на 22 ноември

Во Кинотека на Северна Македонија на 22 ноември ќе се одржи првото соларно кино во Скопје. Овој настан го организира Здружението Гоу Грин, а е во рамки на проектот „Соларни кина“, којшто е поддржан од Француската амбасада во Скопје. За влез во соларното кино ќе биде неопходно посетителите да донесат предмет што се рециклира, а за таа цел ќе биде...

РЕДИ Рециклажа на терен, почна селекцијата на отпадот во дел од зградите низ Скопје

До сега околу 200 згради во општините Карпош, Аеродром и од други скопски општини се пријавени за новиот проект на РЕДИ Рециклажа за воспоставување на систем за селекција на отпадна хартија и пластика. Од социјалното претпријатие се задоволни од интересот по распишаниот јавен повик до станбени згради и компании за учество во воспоставувањето на системот за примарна селекција на...

Љубљана за Форбс е најзелениот европски град, 70 отсто од отпадот се селектира и има бесплатни велосипеди

Списанието Форбс направи рангирање на 20-те европски градови кои се најдобри зелени престолнини за 2022 година. Како и во изминатиов период, словенечкиот главен град Љубљана се наоѓа на врвот од оваа европска листа, поради серија на позитивни зафати кои придонесуваат за зачувување на животната средина. Иако е еден од најмалите европски престолнини, Љубљана има над 200 километри велосипедски патеки, кои...

Собирачите на отпад со новите закони ќе добијат право на придонеси и вработување, вети министерот Нуредини

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска рече дека со новата законска регулатива за управување со отпадот ќе се формализираат собирачите на отпад. Станува збор за 3.000 до 5.000 лица од земјава, кои досега работеа непријавени без пензиско и здравствено осигурување и беа предмет на уцени од откупувачите на отпад, додека нивната заработка во голема мерка...

Почнува со работа РЕДИ Рециклажа, зградите во Аеродром и Карпош да се пријават за селекција на отпад

Социјалното претпријатие РЕДИ Рециклажа официјално го најави своето почнување на активности кои ќе го подобрат животниот стандард и работа на неформалните собирачи на отпад и ќе ја подобрат состојбата на животната средина во Република Северна Македонија. РЕДИ Рециклажа ќе воспостави систем за примарна селекција на отпад преку мапирање на станбени згради во Општините Аеродром и Карпош во Скопје. Веќе...

Од депонијата „Дрисла“ нема одговор за постројката за секундарна селекција и рециклирање на отпадот

Скопската депонија „Дрисла“ годинава ќе добие автоклав или машина за третман на медицински отпад, како и мерна станица за амбиентен воздух. Депонијата доби и ИПА проект од 800.000 евра за рециклирање на градежен отпад. Но, проектите за секундарна селекција на отпадот, третман на индустрискиот отпад и постројката за пакување на отпад, кои се исклучително важни за превенција на климатските...

Денеска нова епизода на емисијата за млади „Шорткат“, во фокус селекцијата на отпадот

Новата епизода на емисијата за млади „Шорткат“ и овој четврток носи интересни и актуелни теми. Фокусот на втората по ред емисија го ставивме на темата за селекцијата на отпадот и неформалните собирачи на отпад. Во земјава над 80 проценти од комуналниот отпад завршува на депониите, додека неформалните собирачи се најревносните лица кои ја вршат селекцијата на отпадот. За нивните проблеми,...

Човештвото на 29 јули ги потроши ресурсите за оваа година, сега живееме на кредит од Земјата

Човештвото на 29 јули ги потроши ресурсите за оваа година! Луѓето користат толку еколошки ресурси како да живееме на 1,7 планети. EarthOvershootDay секоја година се поместува сѐ порано и порано, што значи дека луѓето трошат многу повеќе отколку што планетата може да обнови. Безмилосното искористување на водата, храната, енергијата и минералните суровини нѐ водат во многу неизвесна иднина во...

Неформални собирачи на отпад: Секојдневно ни ја вршат селекцијата на отпадот, а заедницата ги отфрла

Од 3.000 до 5.000 луѓе во земјава ги заработуваат средствата за егзистенција од селекција на комуналниот отпад по контејнерите низ градовите. Поради ниското ниво на свест кај граѓаните, примарната селекција на отпадот не се врши во самите домаќинства, пластичните ќеси полни со ѓубре ги фрламе во контејнерите, по што неформалните собирачи на отпад поминуваат и ги двојат хартијата, пластиката,...

„Чиста Преспа, Моја Преспа“ донесе месец полн со активизам за заштита на животната средина

Пред точно еден месец, на плажата Претор на 5 јуни започна кампањата „Чиста Преспа, Моја Преспа“, чија главна цел беше да се исчистат депонии кои беа мапирани од страна на локалната заедница и невладиниот сектор, да се уредат плажите, а во исто време да се подигне свеста кај населението и туристите за еколошките предизвици на Преспанскиот регион, велат организаторите...

МЖСПП планира догодина да почне изградбата на инфраструктурата за регионалните депонии

Во 2022 година се очекува да започне изведбата на инфраструктурата за регионалните депонии во секој од регионите во земјава. Од Министерството за животна средина и просторно планирање на денешниот брифинг со новинарите информираа дека во тек е обезбедувањето на средства за оваа намена, дополнувајќи дека во првичната фаза покрај изведбата на самите депонии според европски стандарди ќе се набават...

Рециклажни центри во Скопје ќе има во секоја општина за да се зголеми процентот на селекција на отпад

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје Абдусамед Шабани денеска најави дека размислуваат во иднина да отворат по еден рециклажен двор во секоја од 10-те скопски општини и возниот парк да го лоцираат во овие рециклажни центри. Тој заедно со скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска ги промовираа петте нови специјални возила - камиони за собирање и транспорт на комунален...

Колку повеќе трупаме отпад во природата, толку повеќе се оддалечуваме од ЕУ [инфографик]

Наместо да се приближува кон европските стандарди, С. Македонија од година во година сѐ повеќе заостанува зад земјите-членки на ЕУ во делот на управувањето со отпадот. Статистичките податоци покажуваат дека македонските граѓани и компании во континуитет го зголемуваат обемот на создаден комунален отпад, со којшто пак несоодветно се постапува од моментот кога ќе биде фрлено ѓубрето. Наместо да се...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...