Гоу Грин го организира првото соларно кино во Скопје на 22 ноември

Фото: Здружение Гоу Грин

Во Кинотека на Северна Македонија на 22 ноември ќе се одржи првото соларно кино во Скопје. Овој настан го организира Здружението Гоу Грин, а е во рамки на проектот „Соларни кина“, којшто е поддржан од Француската амбасада во Скопје.

За влез во соларното кино ќе биде неопходно посетителите да донесат предмет што се рециклира, а за таа цел ќе биде поставена најновата иновација на Гоу Грин – мобилна станица за селекција на отпад.

Овој настан своевидно го означува и почетокот на Европската недела за намалување на отпадот 20-28 ноември (EU Waste Reduction Week).

Во рамките на овој настан, ќе се организира и презентација на еко-иновацијата. Покрај тоа што служи за селекција на отпад, оваа мобилна станица има соларни панели за производство на струја.

Мобилната станица нуди селекција на осум типа на отпад и тоа: пластика, хартија, стакло, текстил, батерии и лименки.

Проекцијата на филм од првото соларно кино во Скопје ќе започне во 12 часот.