среда, 10 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: обновливи извори | 31 резултати

Од јануари до август издадени лиценци за нови фотонапонски централи со вкупна моќност од речиси 250 мегавати

септември 6, 2024

Во првите осум месеци од годинава, од јануари до август, биле издадени лциенци за нови фотонапонски централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 250 мегавати, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Станува збор за инвестиции кои се […]

Обновливите извори на енергија ги надминуваат фосилните горива во Европа

јули 30, 2024

Според извештајот, за прв пат досега 13 земји-членки на Европската унија генерирале повеќе енергија од ветер и сончева енергија отколку од јаглен и од гас. Ветерниците и  соларните панели ги надминаа фосилните горива, а според податоците тие генерирале 30 отсто од електричната енергија на Европската унија во првата половина од годината. Производството на електрична енергија […]

Ќе има бури, ветрови и поплави кои тешко ќе ги контролираме – предупредување од конференцијата за енергетска транзиција

март 20, 2024

Германскиот министер за заштита на климата Роберт Хабек со жестока порака предупреди на неконтролираната динамика на глобалното затоплување, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Можеби сме на работ на глобалното затоплување, во овој случај затоплување на океаните, кое всушност излегува од контрола“, рече политичарот на Зелените вчера во Берлин на Меѓународната конференција за енергетска транзиција. Температурата […]

Ученици и наставници во Шуто Оризари учеа за климатските промени и заштита на животната средина

јануари 5, 2024

Најмалку 150 ученици Роми од основните и средното училиште во Шуто Оризари учествуваа во работилници за подобрување на нивното здравје, за климатските промени и за заштита на животната средина. Работилниците за подигнување на јавната свест и за подобрување на капацитетите, знаењето и вештините на учениците за поврзаноста на климатските промени, здравата околина за живеење и […]

Со планот за праведна транзиција од јагленот прво ќе се ослободуваат Битола и Кичево

декември 15, 2023

Министерството за економија денеска ги презентираше клучните точки од нацрт Инвестицискиот план за праведна транзиција, кој е дел од Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција, што С. Македонија ја претстави на КОП28 и од која се очекува, со помош од меѓународни финансиски институции, да се мобилизираат до три милијарди евра, наменети за трансформирање на енергетскиот […]

Еко свест: Јавноста треба да знае на што ќе се потрошат три милијарди евра за енергетска транзиција

декември 14, 2023

Еколошките организации од земјава бараат јавноста да ги види проектите во кои ќе треба да се инвестираат три милијарди евра наменети за енергетска транзиција на земјата, кои беа најавени на последната Конференција за климатски промени, што се одржа во Дубаи. Членките на Националната коалиција за клима велат дека се незадоволни од нетранспарентноста на процесот и […]

Ако сакаме да сме дел од јаглеродно неутрална Европа мора да инвестираме во сонце и ветер

декември 6, 2023

Северна Македонија да инвестира во искористување на сонцето, ветерот и водата како обновливи извори на енергија со кои ќе фати вистински чекор во насока на заложбите за јаглеродно неутрален континент до 2050 година, порачуваат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“ и нивните партнери од CEE Bankwatch Network. Фосилните горива, јагленот, […]

РКЕ за 21 месец издала лиценци на 686 фотонапонски електроцентрали

октомври 12, 2023

Од јануари 2022 година заклучно со 30 септември годинава, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) издала лиценци на вкупно 686 централи со вкупна инсталирана моќност од скоро 503 мегавати – капацитет што според Регулаторна е доволен за да се обезбедат потребите за електрична енергија на домаќинствата од 18 градови во државата. Новите централи […]

Во Новаци започна со работа најголемата фотоволтаична централа на Балканот

септември 29, 2023

Денеска свечено беше отворена приватната фотоволтаична централа „ФЕЦ Новаци“, која во моментов е и најголема на Балканот. Со вкупен капацитет од 55 мегавати, проектирано е годишно да произведува 85.000 мегаватчасови струја, што според Владата претставува „електрична енергија која е доволна за задоволување на потребите на 30.000 семејства“. На отворањето на „ФЕЦ Новаци“ се обрати премиерот […]

Ковачевски – Штајнер: Поддршка од ОН за Македонија како регионален центар на зелена енергија

септември 22, 2023

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во Њујорк се сретнал со Ахим Штајнер, администратор на Програмата за развој на ОН (UNDP) и ко-претседавач на механизмот за енергија на ОН (UN Energy). На состанокот, како што информираат од Владата, било потенцирано значењето на ОН и на развојните мрежи на организацијата, како […]

Се отвора соларен саем за обновливи извори енергија за подигнување на свеста и заштита на животната средина

септември 7, 2023

Од 15 до 17 септември ќе се одржи голем „Соларен саем“, на кој ќе учествуваат дваесетина компании, а посетителите ќе имаат можност да ги погледнат најновите технологии од соларниот сектор. На настанот ќе бидат присутни производители и трговци на соларна опрема како: фотоволтаични колектори, термални колектори, акумулаторски батерии, топлински пумпи, фото/термални колектори, громобранска заштита, системи […]

Регулаторна: За 18 месеци издадени лиценци за 545 централи за струја од обновливи извори

јули 1, 2023

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) за 18 месеци – од јануари 2022 до јуни 2023 година – издала лиценци на 545 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупно инсталирана моќност од речиси 270 мегавати. Според Регулаторна, со инсталираниот капацитет може да се задоволат потребите на над 104 илјади […]

Соларната енергија не се користи за уличните светилки, иако општините плаќаат огромни сметки за јавно осветлување

април 16, 2023

Македонските општини многу малку ја користат соларната енергија како извор за јавно осветлување. Енергетската криза и зголемените цени на електричната енергија ги вивнаа во облаци сметките за струја на локалните самоуправи за уличните светилки. Јавното осветлување од неопходност се претвори во луксуз, а општините ги истенчија и онака ситните буџети. Сепак, и во вакви услови, […]

Регулаторна: За 14 месеци издадени лиценци за фотоволтаици што може да ги задоволат потребите за струја на осум градови

март 4, 2023

Од 1 јануари 2022 година до 28 февруари годинава, во земјава има нови фототанапонски централи со инсталиран вкупен капацитет од 181,2 мегавати од обновливи извори што можат да ги задоволат потребите на 72.500 домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија, информираше Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Од таму велат дека во првите […]

Во јануари 26 компании почнале да произведуваат струја со фотоволтаици за сопствени потреби

февруари 18, 2023

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) минатиот месец издала лиценци за работа на 26 фотонапонски електроцентрали со моќност од 6 MW за производство на електрична енергија од обновливи извори. Станува збор за домашни стопанственици кои инвестирале во фотонапонски централи за да обезбедат струја за производствените потреби. Дел од стопанствениците кои добиле  лиценци произведуваат […]

Обновливите извори на енергија се единствената алтернатива за одржлив развој на земјата

мај 3, 2022

Намалување на зависноста на земјата од увоз на електрична енергија, но и намалување на загадувањето на воздухот, особено во зимските месеци кога е актуелно затоплувањето на објектите со фосилни горива, се меѓу главните приоритети кои треба да ја водат земјата кон исполнувањето на целите поставени со Стратегијата за енергетика. Насочувањето кон обновливите извори на енергија, […]

Сонцето и ветерот лани обезбедиле 10 проценти од вкупната електрична енергија во светот

март 31, 2022

Ветерот и сончевата енергија минатата година за првпат генерирале 10 проценти од глобалната електрична енергија, покажува новото истражување на тинк-тенк организацијата „Ембер“, а пренесува „Би-би-си“. Во анализата се наведува дека сега педесет земји добиваат повеќе од една десетина од својата електрична енергија токму од ветерот и од сонцето. Како што економиите во светот почнаа да […]

Со паметно енергетско планирање ќе се бараат најсоодветни локации за соларни полиња и ветерници

март 16, 2022

Паметно енергетско планирање, безбедна и побрза транзиција од фосилни во обновливи извори на енергија со минимално негативно влијание врз природата и луѓето и соработка меѓу граѓанскиот сектор, Владата, експертите, бизнис секторот и сите релевантни институции е главната цел на кампањата за паметно енергетско планирање „Еко енергетска иднина – да планираме заедно!“, која ја започна Центарот […]

Сите олимписки објекти на игрите во Пекинг се напојуваат со енергија од обновливи извори

февруари 6, 2022

Сите олимписки објекти, во кои се одржуваат натпреварите на Олимписките игри во Пекинг, за прв пат во историјата на зимските и на летните игри, ќе се напојуваат од обновливи извори на енергија. Пекинг, во текот на подготовките на Игрите, промовираше визија „зелени, инклузивни, отворени и чисти“ игри, и најави дека ги интегрира принципите на одржливост […]

Гоу Грин го организира првото соларно кино во Скопје на 22 ноември

ноември 16, 2021

Во Кинотека на Северна Македонија на 22 ноември ќе се одржи првото соларно кино во Скопје. Овој настан го организира Здружението Гоу Грин, а е во рамки на проектот „Соларни кина“, којшто е поддржан од Француската амбасада во Скопје. За влез во соларното кино ќе биде неопходно посетителите да донесат предмет што се рециклира, а […]

Страна 1 од 2