fbpx

Ако сакаме да сме дел од јаглеродно неутрална Европа мора да инвестираме во сонце и ветер

Фосилните горива, јагленот, нафтата и гасот и штетат на климата, согорувањето испушта стакленички гасови, заради што развиените европски држави инвестираат во нивно исфрлање, практика што треба да ја следат и земјите од Западен Балкан

-

Северна Македонија да инвестира во искористување на сонцето, ветерот и водата како обновливи извори на енергија со кои ќе фати вистински чекор во насока на заложбите за јаглеродно неутрален континент до 2050 година, порачуваат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“ и нивните партнери од CEE Bankwatch Network. Фосилните горива, јагленот, нафтата и гасот и штетат на климата, согорувањето испушта стакленички гасови, заради што развиените европски држави инвестираат во нивно исфрлање, практика што треба да ја следат и земјите од Западен Балкан.

Од двете организации посочуваат дека фактот што С. Македонија не е зависна од гасот и дава шанса да не ја повтори грешката со која се соочија земјите на Европската Унија. Земјава треба директно да се насочи кон инвестиции во обновливи извори на енергија, без да бара преодни алтернативи кои исто како и јагленот, се фосилни горива и произведуваат нечиста енергија. Предностите во инвестициите во обновливи извори на енергија се бројни, бидејќи првенствено се работи за зелени опции кои ќе обезбедат одржлив развој и праведна транзиција и ќе ја намалат зависноста од увоз на енергија.

„Македонија е единствената земја во регионот со поголема зависност од увезена енергија од просекот на ЕУ, заради тоа што ги увезува сите количини на гас и нафта, делумно електрична енергија, а во последните години и јаглен. Вкупната зависност од гас е пониска од таа на ЕУ и треба да се задржи така, а увозната зависност да се намали со инвестиции во сонце и ветер“, вели Ана Чоловиќ-Лешоска од „Еко свест“.

Градењето на инфраструктура за фосилни горива, како што е интерконекторот кон Грција, за кој постојат неколку жалби пред институции и банки, и која ќе треба да се користи во следните четири-пет децении ќе го надмине рокот за постигнување јаглеродна неутралност од 2050 година, што земјата повторно ќе ја остави на опашката на европската енергетска трансформација.

Од CEE Bankwatch Network предупредуваат дека финансиските институции веќе имаат воведени или воведуваат забрани за инвестирање во проекти со фосилни горива, што е уште една причина за насочување кон алтернативните извори.

Од двете организации сметаат дека е неопходно и подобрување на енергетската ефикасност што ќе ја намали потребата за енергија, а со тоа и зависноста од увоз. Технологиите како што се фотоволтаици, топлински пумпи и складирање со батерии се многу поевтини и пошироко достапни отколку пред неколку години и ќе ја олеснат транзицијата.

„Зголемената потрошувачка на фосилен гас често се тврди дека е потребна за да се замени јагленот, но оваа идеја е застарена и погрешна, одржливите форми на обновлива енергија како што се сончевата, ветерот и геотермалната енергија се иднината“, велат од CEE Bankwatch Network.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...