петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: фосилни горива | 26 резултати

Неуспешни преговорите во ООН за ограничување на производството на пластика

август 15, 2025

Нема договор за справување со загадувањето со пластика. Преговорите во Обединетите Нации не завршија со консензус за првиот правно обврзувачки договор во светот за справување со загадувањето со пластика. Државите што се залагаа за амбициозен договор рекоа дека најновиот текст, објавен преку ноќ, не ги исполни нивните очекувања. Претседавачот со преговорите, Луис Вајас Валдивиесо од […]

РЕК ќе работи на јаглен, Министерството за енергетика најавува инвестиции за да не загадува

октомври 22, 2024

РЕК Битола ќе се модернизира со што ќе да ги подобри перформансите на производство и ќе ги намали емисиите на штетните честички и прашина во гранични вредности, според европските директиви и законодавство, најавува новото Министерство за енергетика. Најголемиот капацитет за производство на електрична енергија во земјава работи на јаглен и е еден од најголемите загадувачи […]

Обновливите извори на енергија ги надминуваат фосилните горива во Европа

јули 30, 2024

Според извештајот, за прв пат досега 13 земји-членки на Европската унија генерирале повеќе енергија од ветер и сончева енергија отколку од јаглен и од гас. Ветерниците и  соларните панели ги надминаа фосилните горива, а според податоците тие генерирале 30 отсто од електричната енергија на Европската унија во првата половина од годината. Производството на електрична енергија […]

Енергетската транзиција ќе нè ослободи од јагленот, загадениот воздух, но и од увозот на струја

февруари 16, 2024

Замена на јагленот со чиста енергија, особено од сонцето кое го имаме во изобилие е една од главните заложби кон кои цели земјава на полето на енергетиката. Транзицијата на секторот кој се смета за еден од најголемите загадувачи на воздухот и емитери на стакленички гасови е приоритет поставен во повеќе стратешки документи, со кои С. […]

За да биде правична, идеите за енергетската трансформација треба да потекнат од граѓаните 

јануари 9, 2024

Инвестициите во обновливи извори на енергија и во енергетската ефикасност, се двата основни столба на зелената енергетска транзиција. Овој процес мора да биде и праведен и транспарентен и да потекне првенствено од локалните заедници во двата региони, кичевскиот и битолскиот, кои се зависни од употреба на фосилни горива. Ова се само дел од поентите на […]

Отровниот воздух нѐ убива, државата со прст не мрда да ја намали употребата на нафта и мазут во јавните институции

јануари 8, 2024

Над 740 јавни установи во сите делови од земјата сѐ уште се греат на мазут или нафта. Болници, училишта, градинки, спортски сали, затвори, културни установи…. се дел од долгата листа на загадувачи, кои користат фосилни горива и придонесуваат за загадување на воздухот. Листата и мапата, што ги креираше граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“, неодамна беше […]

Студенти почнаа „кариерен бојкот“ поради климатските политики на банките „Барклис”

декември 28, 2023

Стотици студенти од угледни универзитети во Обединетото Кралство започнаа „кариерен бојкот“ насочен кон банките на Барклис (Barclays), поради нивните климатски политики. Тие предупредуваат дека банката ќе пропушти врвни таленти доколку не престане да финансира компании за фосилни горива, соопшти Гардијан. Повеќе од 220 студенти од највисоките универзитети испратија писмо до фирмата, велејќи дека нема да […]

Ако сакаме да сме дел од јаглеродно неутрална Европа мора да инвестираме во сонце и ветер

декември 6, 2023

Северна Македонија да инвестира во искористување на сонцето, ветерот и водата како обновливи извори на енергија со кои ќе фати вистински чекор во насока на заложбите за јаглеродно неутрален континент до 2050 година, порачуваат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“ и нивните партнери од CEE Bankwatch Network. Фосилните горива, јагленот, […]

Со вистински инвестиции во обновливи извори на енергија, Битола и Кичево имаат можности за праведна транзиција

октомври 3, 2023

Можностите за поставување на фотоволтаични системи во Кичевскиот и во Битолскиот регион се големи, особено кај домаќинствата, покажуваат анализите подготвени од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“, во соработка со повеќе домашни експерти. Според грубите пресметки, процесот на декарбонизација на двата региони зависни од производство на нечиста енергија од фосилни горива […]

Топлотниот бран во Европа не би се случил ако не беа климатските промени

јули 26, 2023

Климатските промени влијаат на појавата на топлотни бранови, кои последниот месец ја зафатија Европа, Северна Америка и Кина, пишуваат во својот нов извештај, од од Светската временска атрибуција, која претставува соработка на меѓународни климатолози. Во анализата се посочува дека без влијанието на климатските промени, топлотниот бран во Европа и Северна Америка би бил „речиси невозможен“. […]

Шанса за Центар подготви мапа на јавни институции што горат фосилни горива

јануари 28, 2023

Граѓанската иницијатива Шанса за Центар подготви мапа на јавни институции на подрачјето на Скопје и околината, кои кои склучиле договори за набавка на фосилни горива за затоплување на просториите. На листата се наоѓаат стотина објекти, од кои најголем дел се градинки, основни училишта и гимназии, а има и здравствени установи, казнени установи, општини, спортски сали, […]

Шефот на државната нафтена компанија на ОАЕ ќе ги води климатските разговори на КОП28

јануари 12, 2023

Шефот на една од најголемите светски нафтени компании е именуван да ги води глобалните разговори за климата КОП28, што во ноември и декември ќе се одржат во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), пренесе Би-би-си. Султанот Ахмет Ал Џабер во моментов е главен извршен директор на Националната нафтена компанија Абу Даби, која е дванаесетта по големина […]

Нуредини: Амбициозни сме, но напуштањето на јагленот ќе мора да го одложиме за две години

ноември 22, 2022

„Северна Македонија е најамбициозната земја на Западен Балкан кога станува збор за намалување на емисиите на стакленички гасови, која цели кон целосна транзиција и напуштање на употребата на јаглен. Сепак, веројатно ќе треба процесот да го одложиме за уште една или две години, бидејќи реалноста е дека ние исто како и секоја земја во Европа, […]

Конверзејшн: Технолошки напредно општество избира да се уништи себеси

ноември 9, 2022

Додека светските лидери се собираат на конференцијата за климатски промени на Обединетите нации (КОП27) во Египет, тешко е да се биде оптимист дека разговорите ќе донесат какво било радикално отстапување од незапирливиот пораст на глобалните емисии на јаглерод диоксид во последните два века, пишува академскиот портал „Конверзејшн“ (The Conversation). Пред минатогодишните разговори во Глазгов, експертите […]

Воздухот зимава ќе биде отровен, надлежните да преземат мерки, а не да апелираат, бараат екологистите

ноември 5, 2022

На најсиромашните да им се обезбедат доволни количини евтино и сертифицирано дрво, да се исчистат оџаците, да се намали цената на струјата, да се затворат градилиштата…Граѓанските организации од земјава предлагаат конкретни мерки за институциите кои треба да помогнат во подобрување на квалитетот на воздухот во земјава. Почетокот на грејната сезона традиционално е периодот кога сите […]

Нуредини: За да не се отруеме од јагленот и мазутот мора да штедиме струја

октомври 3, 2022

Домаќинствата да затоплуваат до 21 степен, а индустријата и институциите да штедат енергија, затоа што таа зимава ќе биде произведена од нечисти извори, апелираше денеска министерот за животна средина Насер Нуредини и информираше дека во неговото министерство не се користат клими, се гасат светилки за кои нема потреба, а штедат и на трошоците за репрезентација. […]

Нема бегање од таксата на јаглерод, прашање е само дали парите ќе ги наплати земјава или ЕУ

јули 22, 2022

Воведувањето на такса на јаглерод е еден од најефикасните начини да се обезбеди примена на начелото загадувачот плаќа. Наменета првенствено за капацитетите произведувачи на електрична и топлинска енергија од фосилни горива, но и за корисниците на енергенти во индустријатa, јаглеродната такса треба да обезбеди средства за закрепнување на животната средина од работата на енергетскиот сектор, […]

Балканот се обединува за чист воздух: итно да се затворат електраните на јаглен

декември 2, 2021

С. Македонија и годинава, ќе биде дел од регионалната кампања „Обединет Балкан за чист воздух“, со цел да се подигне свеста на граѓаните во регионот за причините и последиците од аерозагадувањето, можните начини за подобрување на квалитетот на воздухот и борбата за поздрава животна средина преку регионална солидарност. Оваа година, кампањата, во која земјава е […]

Повеќе од половина од домаќинствата кои се греат на дрва не се подготвени да ги сменат старите печки

ноември 30, 2021

Повеќе од половина од семејствата кои се греат со печки на дрва во земјава не се подготвени да го сменат начинот на затоплување на домот, покажува истражувањето презентирано на втората национална работилница на проектот „Партнерство за попаметно греење“ во организација на Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко свест“. Во текот на проектот […]

Новите домови во Англија од догодина ќе мора да имаат полначи за електрични автомобили

ноември 23, 2021

Новоизградените домови и згради во Англија со закон ќе бидат обврзани да инсталираат полначи за електрични возила почнувајќи од следната година, најави премиерот Борис Џонсон, а пренесе „Би-би-си“. Новиот закон ги опфаќа и новоизградените супермаркети, објектите на компании и зградите кои ќе подлежат на големо реновирање. Со ова, британските власти очекуваат секоја година да бидат […]

Страна 1 од 2