Топлотниот бран во Европа не би се случил ако не беа климатските промени

Климатските промени значајно ја зголемија веројатноста на вискоите темепратури на екстремните топлотни бранови периодов во Европа, Северна Америка и Кинa

Фото: Photo by fabian jones на Unsplash

Климатските промени влијаат на појавата на топлотни бранови, кои последниот месец ја зафатија Европа, Северна Америка и Кина, пишуваат во својот нов извештај, од од Светската временска атрибуција, која претставува соработка на меѓународни климатолози.

Во анализата се посочува дека без влијанието на климатските промени, топлотниот бран во Европа и Северна Америка би бил „речиси невозможен“. Во Кина, пак, климатските промени ја зголемиле веројатноста за високите температури летово за дури 50 пати.

Топлотните бранови може да ги оштетат земјоделски култури, да предизвикаат изумирање на добитокот, шумски пожари и голем број смртни случаи, известуваат Си-ен-ен.

Вакви екстремни топлотни бранови може да се очекуваат еднаш на секои 15 години во Северна Америка, еднаш на секои 10 години во Јужна Европа и еднаш на секои пет години во Кина.

Во анализата експертите апелираат да се престане со согорувањето на фосилните горива. Во спротивно, наскоро би живееле во свет кој е два степени целзиусови потопол од температурите пред индустриската револуција – тогаш може да очекуваме и покатастрофални топлотни бранови на секои две до пет години.