Студенти почнаа „кариерен бојкот“ поради климатските политики на банките „Барклис”

Тие предупредуваат дека банката ќе пропушти врвни таленти доколку не престане да финансира компании за фосилни горива

Фото: Sincerely Media on Unsplash

Стотици студенти од угледни универзитети во Обединетото Кралство започнаа „кариерен бојкот“ насочен кон банките на Барклис (Barclays), поради нивните климатски политики. Тие предупредуваат дека банката ќе пропушти врвни таленти доколку не престане да финансира компании за фосилни горива, соопшти Гардијан.

Повеќе од 220 студенти од највисоките универзитети испратија писмо до фирмата, велејќи дека нема да работат за Баркли и го бојкотираат финансирањето на фирмите за нафта и гас, како Шел (Shell), ТоталЕнерџис (TotalEnergies) и БП (BP).

Протестот се случува откако големите нафтени компании почнаа да ги намалуваат инвестициите и обврските за намалување на климатски промени, вклучително и БП, која првично вети дека ќе ги намали емисиите за 35 проценти до 2030 година, но сега, наместо тоа, се стреми кон намалување од 20 до 30 проценти.

Дополнително, Шел најави дека нема да ги зголеми своите инвестиции во обновлива енергија оваа година, и покрај претходните ветувања дека ќе ги намали емисиите.

Во писмо од студентите се повикува Берклис да престане со финансирање и преземање нафтени и гасни компании, а не само нивните проекти, и значително да го зголеми финансирањето на фирмите зад енергијата на ветерот и сончевата енергија.

Слично ветување од студентите беше испратено до фирмите кои поддржуваа контроверзни проекти за фосилни горива во мај оваа година.

„Новото регрутирање на помладата генерација ќе биде уште една главоболка за Барклис сè додека продолжува да ги финансира компаниите што градат нова инфраструктура за нафта и гас, бидејќи во голема мера се потпира на апликантите од Стем (наука, инженерство, технологија и математика) од Оксбриџ и други врвни универзитети“, рече Мишел Хемингфилд, претставничка на Студентското организирање за одржливост.

„Усогласени со нашата амбиција да бидеме нето-нулта банка до 2050 година, веруваме дека можеме да направиме најголема разлика со работа со нашите клиенти додека тие преминуваат кон бизнис модел со ниска потрошувачка на јаглерод, намалувајќи ја нивната јаглерод-интензивна активност додека скалирање на технологии, инфраструктура и капацитет со ниски јаглерод”, вели портпарол на Берклис.