fbpx

Нафтени компании сакале да испумпаат 160 милиони денари државни пари, УЈП ги спречи

Констатираните состојби и докази се доставени до истражните органи на постапување - Јавното обвинителство, МВР како и Управата за финансиска полиција, рече денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска

-

Управата за јавни приходи (УЈП) објави информации за начинот на кој нафтени компании со лажни фактури сакале да добијат поврат на ДДВ и исплати по основ на данок на личен доход. На брифинг со новинарите, денеска директорката Сања Лукаревска информираше дека спречена била измама вредна над 160 милиони денари по основа на ДДВ, а по основа на личен доход сумата изнесува речиси 19 милиони денари.

Таа информираше за спроведени контроли кај три даночни обврзници регистрирани за вршење дејности трговија со нафта и нафтени деривати на големо и мало.

„Станува збор за тројца даночни обврзници и петмина добавувачи. Дел од нив извршиле промена и назив на правно лице, но и промена на сопственичка и управувачка структура, па нови управители се странски државјани. Имаме наод од инспекторите, кај првиот и третиот обврзник, првичен сопственик било едно лице кое во 2023 година го има сменето презимето, а овластен сметководител е едно исто правно лице. Кај сите три случаи нема лиценца за трговија со нафта од Регулаторна комисија за енергетика, немаат бензиска пумпа и немаат складишен простор за да ја чуваат нафтата“, рече Лукаревска.

Таа информира дека констатираните состојби и докази се доставени до истражните органи на постапување – Јавното обвинителство, МВР и Управата за финансиска полиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...