Размена на облека, книги и предмети на еко трампата „На ти го, дај ми го“
ноември 13, 2025
Секој учесник може да донесе до пет предмети и да избере нешто што друг учесник го донел
ноември 13, 2025
Секој учесник може да донесе до пет предмети и да избере нешто што друг учесник го донел
октомври 17, 2025
Еко-свест и за овие избори ги анализираше програмите на политичките партии кои овие локални избори имаат изборна програма, што се само 6 од 23, во врска со нивните заложби за намалување на влијанијата на климатските промени во градовите и изработи „изборен семафор“. Програмите се оценети според критериуми согласно обврските на градоначалниците кон Европската повелба за градоначалници, […]
септември 2, 2025
Граѓанската организација Еко-свест минатиот месец стави во функција „Зелен телефон“ како алатка која граѓаните можат да ја искористат за да пријавуваат еколошки проблеми и да се информираат за надлежните институции и за начинот на нивно надминување. Бројот на Зелениот телефон е 071-600-333, а јавното лице на кампањата е активистот Војо Иванов. На телефонот досега се […]
август 27, 2025
Бетонска бариера која со децении го попречува течението на Крива Река во близина на Крива Паланка, ќе биде отстранета од речното корито. Ова е прво отстранување на речна препрека кое се прави во државата на иницијатива на граѓанската организација Еко Свест, во соработка со Општина Крива Паланка и Државниот инспекторат за животна средина, иако има […]
август 25, 2025
Министерството за животна средина нема да ја стави реката Дошница под привремена заштита оти предлогот за прогласување на заштитено подрачје на клисурата во Демир Капија не е формално доставен до нив. Барањето за привремена заштита на реката, на која ѝ се закануваат две мали хидроцентрали, дојде минатиот месец од граѓански организации и експерти, кои побараа […]
јуни 18, 2025
Државите од Западен Балкан и понатаму се дават во сулфур диоксид од застарените термоелектрани, покажува најновиот извештај „Усогласи или затвори“ од Бенквоч (Bankwatch). Во четирите најголеми загадувачи на воздухот влегува и македонскиот енергетски гигант РЕК Битола, кој, покрај Угљевиќ и Какањ 7 во Босна и Херцеговина и Костолац А2 во Србија, ги надминаа дозволените годишни […]
јуни 5, 2025
Итно да се заврши процесот на репрогласување на Националниот парк „Маврово“ и да се обезбеди вистинска заштита на природните вредности на подрачјето, побараа денеска од „Еко Свест“, поддржани од 17 граѓански организации, во претставка поднесена до Владата и премиерот Христијан Мицкоски. Денес се одбележува Светскиот ден на животната средина, и екологистите предупредија на значителни прекршувања […]
мај 23, 2025
Глобалните кризи како економската, безбедносната и климатска, кои може да го загрозат развојот на општеството, претставуваат сериозен предизвик за сите држави и заедници. Единствен начин на кој овие кризи може да се решат е со активна вклученост и соработка на сите засегнати страни во наоѓање нови решенија и одговори. Успешната соработка е можна кога се […]
април 22, 2025
„Наша енергија, наша планета“ е мотото под кое годинава се одбележува 22 април, Денот на планетата Земја. Преминот кон чиста и одржлива енергија е суштински за опстанокот на планетата на која живееме, заради намалување на употребата на фосилните горива и намалувањето на влијанијата на климатските промени. Годинава се одбележуваат 55 години од глобалното движење, a […]
април 13, 2025
Репрогласувањето на Националниот парк Маврово е во застој, откако, по изработката на Студијата за ревалоризација и нацрт-законот, прекинаа активностите за изработка на предлог закон. Од Министерството за животна средина велат дека во моментов имаат други приоритети како што е усогласувањето на правната рамка со европското законодавство, по што на ред ќе дојде и ова прашање. […]
април 9, 2025
Заштита на недопрениете реки на Балканот, размена на искуства и презентација на успешните примери на заштитени водотеци, се главните теми на третата меѓународна конференција за заштита на реките на Југоисточна Европа што денеска и утре се одржува во Скопје. Македонија, заедно со Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора се дел од регионалната […]
март 24, 2025
Министерството за животна средина нема предвидено пари во буџетот за ова година за довршување на Студијата за валоризција на подрачјето на Демир Капија, за кое пред три години беше поведена иницијатива да се прогласи за споменик на природата. Еден дел од студијата, која започна да се изработува лани, е финансиран од Центарот за истражување и […]
ноември 24, 2024
Производството на електрична енергија од фотоволтаични централи во земјава пораснало за 287 отсто за само една година. Сепак, и покрај тоа земјава останува зависна од јагленот што се користи во двата најголеми енергетски капацитети. Според извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, термоелектраните РЕК Битола и Осломеј продолжуваат да работат на […]
октомври 22, 2024
РЕК Битола ќе се модернизира со што ќе да ги подобри перформансите на производство и ќе ги намали емисиите на штетните честички и прашина во гранични вредности, според европските директиви и законодавство, најавува новото Министерство за енергетика. Најголемиот капацитет за производство на електрична енергија во земјава работи на јаглен и е еден од најголемите загадувачи […]
октомври 8, 2024
Напредокот во усогласувањето на националното законодавство со европското сè уште се одвива бавно, а во последната година скоро и да нема напредок во усвојување на нови законски прописи кои произлегуваат од поглавјето за животна средина и климатски промени. Потребно е да се усвојат сите закони и навремено да се транспонираат ЕУ регулативите, што е особено […]
септември 25, 2024
Загадувањето со сулфур диоксид, прашина и азотни оксиди од термоелектраните на јаглен на Западниот Балкан продолжило и во 2023 година, покажува најновиот извештај „Усогласи или затвори“ од објавен од Bankwatch. Во 2023 година, шест години откако правилата за контрола на загадувањето влегоа во сила преку Спогодбата за Енергетската заедница, загадувањето со сулфур диоксид од термоелектричните […]
септември 20, 2024
Топлотните бранови во Северна Македонија, како и во другите држави на Западен Балкан, ќе се зголемат по интензитет, времетраење и фреквенција, веројатно за шест до осум пати годишно. Извештајот на Светската метеоролошка организација потврди дека 2023 година била најтоплата досега, со просечна глобална температура од 1,45 Целзиусови степени над основната прединдустриска линија. Податоците од анализите […]
септември 9, 2024
Општината Битола, една од двете најзасегнати општини во земјата од нечистото производство на енергија, подготвила пет конкретни проекти за зелена енергетска транзиција. Регионот во кој работи енергетскиот капацитет на јаглен РЕК Битола, е еден од приоритетните кој треба да добие средства за проекти преку Климатскиот фонд во кој за земјава има обезбедено 85 милиони долари. […]
август 14, 2024
Министерството за животна средина нема поведено постапка за раскинување на договорот за концесија на малата хидроцентрала „Рибничка“ од Националниот парк „Маврово“. Иако за други две мали хидроцентрали кои влегуваа во заштитениот дел, „Жировница“ 5 и 6 постапката за раскинување на концесиите е веќе започната, за „Рибничка“, досега ниту е отворена постапка за промена на локацијата, […]
мај 25, 2024
Реки пренасочени во цевковод, изградени брани во коритата, сечи на шумите околу нив и ерозија, е сликата со која се соочува подрачјето на Демир Капија, кое веќе шест децении е заштитено на хартија како споменик на природата, но не и во пракса. За овој вреден предел во следната една година ќе се изработува нова Студија […]