Ковачевски – Штајнер: Поддршка од ОН за Македонија како регионален центар на зелена енергија

На средбата била изразена заедничка согласност дека зелена транзиција и декарбонизација е неопходно да бидат во фокус на владите на државите и на приватниот сектор, за да се забави постојаниот скок на климатските промени и да се осигура чиста и достапна енергија за сите

-

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во Њујорк се сретнал со Ахим Штајнер, администратор на Програмата за развој на ОН (UNDP) и ко-претседавач на механизмот за енергија на ОН (UN Energy).

На состанокот, како што информираат од Владата, било потенцирано значењето на ОН и на развојните мрежи на организацијата, како што е УНДП, којашто им помага на земјите членки во остварувањето на Милениумските развојни цели, глобалниот развој, заштитата на животната средина, во областа на енергетиката и др.

„На средбата беа поздравени континуираната и конструктивна соработка на државата со УНДП и беше разговарано за политиките на Владата на Република Северна Македонија, што придонесоа за успешно справување со економската и енергетска криза“, се вели во соопштението од владиниот кабинет.

Премиерот Ковачевски соопштил дека Северна Македонија од почетокот на минатата година досега има издадено 600 лиценци за централи за обновливи извори на енергија, со што во државата денес има на мрежа 420 мегавати на централи кои што доминантно работат за производство на електрична енергија од сонцето, а очекувањата се дека до крајот на годината тој капацитет ќе достигне 600 мегавати.

Премиерот ја нагласил и најновата владина одлука за конечна реализација на тридеценската цел за изградба на хидроцентралата Чебрен, проценета инвестиција од околу милијарда евра, што ќе овозможи дополнителен инсталиран капацитет од најмалку 333 MW енергија.

„Ова се чекори кон енергетска независност на државата, за зајакнување на домашно производство на електрична енергија, но и придонес во заштитата на животна средина, поради што Северна Македонија веќе е препознаена како регионален центар на зелена енергија“, рекол премиерот Ковачевски.

На средбата била изразена заедничка согласност дека зелена транзиција и декарбонизација е неопходно да бидат во фокус на владите на државите и на приватниот сектор, за да се забави постојаниот скок на климатските промени и да се осигура чиста и достапна енергија за сите, во интерес на сегашните и идните генерации.

На средбата Ковачевски – Штајнер разговарано било и за можности за поддршка на нашата држава во делот на развојот на преносната мрежа со цел подготвеност за прифаќање на бројните апликации за изградба на фотонапонски и ветерни електрани, како и во заложбите за декарбонизација на економијата.

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот...