fbpx
Таг: сончева енергија

таг: сончева енергија

Герасимовски во хрватско Крижевци: И Општина Центар ќе се стреми да биде енергетски независна и самоодржлива

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски кој е во работна посета во Загреб како гостин и учесник на семинарот „Енергетска транзиција на Хрватска и земјите од регионот“, ја посетил Општина Крижевци, која е пример за искористување на сончевата енергија преку фотоволтаични панели. „Општина Крижевци е примерот кон кој се стреми и Општина Центар, а тоа е енергетски независна и самоодржлива...

Производството на струја од сонцето не смее да нè остави без храна

Изградбата на соларни полиња и користењето на сончевата енергија за производство на струја е еден од најефикасните начини земјава да ја намали зависноста од увоз на струја. Енергертската криза која нè очекува уште еднаш нè потсети колку земјата заостанува во искористувањето и инвестициите во алтернативните извори на енергија, особено сонцето кое го имаме во изобилие. Најновите олеснувања на постапката...

ЕБОР и ЕУ ја поддржуваат зелената транзиција кон соларна енергија во Северна Македонија со кредит од 25 милиони евра

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со образложение дека македонските капацитети за декарбонизација прават голем исчекор, одобри кредит од 25 милиони евра на ЕСМ, компанијата за производство на електрична енергија во државна сопственост, за изградба на капацитети за производство на струја со фотонапонски панели со моќност од 30 мегавати. Како што појаснија од ЕБОР, овој проект се состои од...

Од 1 јули домаќинствата ќе можат да произведуваат струја од фотоволтаици и да ги продаваат вишоците

Домаќинствата и компаниите кои произведуваат струја од обновливи извори на енергија од 1 јули ќе можат да ги продаваат вишоците на пазарот. Министерот за економија Крешник Бектеши ги потпиша измените и дополнувањата на Правилникот за обновливи извори на енергија, со кои се предвидува производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка. Обврската на универзалниот снабдувач - ЕВН хоум ќе биде да...

Бројот на фотоволтаични електрани за една година се зголемил за 28, годинава има засилени инвестиции [инфографик]

фотоволтаична централа Теново фото: Влада
Во период од една година, бројот на регистрирани фотоволтаични електрани што произведуваат струја од сонцето како обновлив извор на енергија е зголемен за 28 нови објекти. Во 2021 година имало 168 соларни електрани со моќност од 23,83 мегавати, додека годинава заклучно со 16 мај, нивниот број е зголемен на 196 фотоволтаични електрани коишто имаат моќност од 30,83 мегавати. !function(){"use strict";window.addEventListener("message",(function(e){if(void...

Цената на струјата се вивна до небо, компаниите вложуваат во фотоволтаици како излезно решение

Фабрики за производство на храна, погони за флаширање на вода, транспортни компании, металопреработувачки капацитети, дистрибутивни компании, па дури и јавни комунални претпријатија низ земјава изминатиов период инвестираат во обезбедување на сигурност во снабдувањето со електрична енергија. Интересот е голем, насочен е првенствено кон изведба на фотонапонски електроцентрали, кои воглавно се градат во кругот на постојните индустриски капацитети. Регулаторната комисија за...

Сонцето и ветерот лани обезбедиле 10 проценти од вкупната електрична енергија во светот

Ветерот и сончевата енергија минатата година за првпат генерирале 10 проценти од глобалната електрична енергија, покажува новото истражување на тинк-тенк организацијата „Ембер“, а пренесува „Би-би-си“. Во анализата се наведува дека сега педесет земји добиваат повеќе од една десетина од својата електрична енергија токму од ветерот и од сонцето. Како што економиите во светот почнаа да закрепнуваат од ковид-пандемијата во 2021 година,...

Цената на струјата ќе расте, само 14 отсто од домаќинствата имаат соларни колектори [инфографик]

Додека се редат мноштво анализи за процентот на поскапување на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи во земјава, статистичките податоци покажуваат дека мнозинството домаќинства немаат алтернативни извори за снабдување со струја, коишто би можеле да им ги намалат месечните сметки кон ЕВН Хоум. Државниот завод за статитистика деновиве излезе со податоци за тоа каква е ситуацијата со инсталираните сончеви...

Гоу Грин го организира првото соларно кино во Скопје на 22 ноември

Во Кинотека на Северна Македонија на 22 ноември ќе се одржи првото соларно кино во Скопје. Овој настан го организира Здружението Гоу Грин, а е во рамки на проектот „Соларни кина“, којшто е поддржан од Француската амбасада во Скопје. За влез во соларното кино ќе биде неопходно посетителите да донесат предмет што се рециклира, а за таа цел ќе биде...

Отворени три еко зони во Скопје со полначи за телефон на сончева енергија

Зоолошката градина, скверот „Јадран“ во центарот на градот и паркот „Шопен“ во Општината Кисела Вода се првите три „Гоу Грин“ еко зони во Скопје. Овие еколошки катчиња на минувачите им нудат место каде што ќе можат да ги наполнат телефоните или таблетите со сончева енергија, бесплатен интернет, како и сензори за мерење на квалитетот на воздухот. Имаат и „паметни“...

Сончевата енергија недоволно ја користат домаќинствата, потребни се повеќе субвенции за фотоволтаици

Со околу 280 сончеви денови во текот на годината во земјава, домаќинствата сѐ уште малку ја искористуваат бесплатната, чиста енергија од сонцето за добивање на електрична енергија во домовите, со што сметките за струја можат да се намалaт и до 50 отсто, особено во зимските месеци. Иако има интерес кај граѓаните за поставување на фотоволтаични панели на покривите на домовите,...

ЕВН Македонија ја инсталираше првата фотонапонска централа од двострани панели

ЕВН Македонија во Неготино ја инсталираше првата фотонапонска централа во земјата која истовремено произведува електрична енергија од сонцето и од одблесокот на светлината. Таа е дел од современите светски технологии и е направена од т.н. бифацијални панели кои во горниот дел ја акумулираат директната сончева светлина, додека во долниот дел го акумулираат одблесокот на светлината од рефлектирачкиот материјал дополнително...

На островот Вис пуштена во работа најголемата соларна електрана во Хрватска

Хрватското електростопанство (ХЕП) ја пушти во работа сончевата електрана на островот Вис, најголема во земјата и вредна 4,1 милион евра. Електраната е прва по ред од седумте соларни електрани кои ХЕП планира да ги пушти во перидот од 2019-2023 година, во рамките на циклусот планиран за нивна изградба, кој е во вкупна вредност од 99,4 милиони евра. Со изградба на...

Општина Дебрца планира да гради две соларни централи

Општинските власти од Дебрца планираат да привлечат инвеститори кои ќе изградат две соларни централи на територијата на нивната општина. Локалните власти го презедоа управувањето со градежното земјиште, па се очекува тие да преземат иницијативи за искористување на сончевата енергија. Она што се чека е  завршувањето на парламентарните избори во април, вели градоначалникот на оваа општина Зоран Ногачески. - Сакам да...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...