fbpx
Таг: селекција на отпад

таг: селекција на отпад

Инвеститор од Луксембург сака да вложи 336 милиони евра во погон за согорување на отпадот од земјава

За трајно решавање на проблемот со управувањето на отпадот во земјава, премиерот Зоран Заев денеска информираше дека би следела нова предложена инвестиција „енергија од отпад“, за која владата веќе 7-8 месеци преговара со инвеститор од Луксембург. Станува збор за погон во кој би се вложиле 336 милиони евра, кој би работел со плазма за согорување, односно безкислородно согорување на...

Селекцијата да не зависи од постојните цени на отпадните материјали, потребен е финансиски одржлив модел

Процентот на селекција на отпадот во земјава не смее да зависи од моменталните цени на отпадните материјали на пазарот, туку неопходен е финансиски одржлив модел. Ова се однесува на неформалните собирачи на отпад, на јавните комунални претпријатија, но и на сите други субјекти кои се вклучени во делот на примарната и секундарната селекција на отпадот, велат од Здружението за...

Свесноста за селекцијата и рециклирањето на отпадот не може да се купи со пари

Во европските земји треба да платите за да депонирате отпадно стакло до рециклаторот, а кај нас компаниите за рециклирање нудат да платат за овој селектиран отпад. И покрај тоа, нема доволно интерес за селекција на отпадот. Овој пример го наведуваат од компанијата АКРОН ДОО, која што се занимава со третман на отпадно стакло во земјава. Тие посочуваат дека во С....

Селекцијата на отпадот е скапа инвестиција, македонските општини сами не можат да ја покријат

Една канта за отпад од 120 литри чини 10 евра. При непостоење на селекција неопходен е само тој сад за одлагање на отпадот, додека ако се врши селекција на отпадот, тогаш се неопходни минимум три различни контејнери во кои граѓаните ќе треба да го фрлаат ѓубрето. Ова значи и набавка на посебни комунални возила за собирање на селектираниот отпад,...

Премалку селектираме отпад во земјава, затоа имаме преполни депонии и минорно рециклирање [инфографик]

Селекцијата на отпадот што го создаваме во секојдневието е прашање на кое македонските граѓани придаваат многу мало значење. Со години наназад, статистичките податоци покажуваат дека измешаниот комунален отпад доминира во количеството што секојдневно го собираат јавните комунални претпријатија и другите субјекти овластени за управување и третман со отпадот. Од 2014 година до денес, период за кој постојат податоци од Државниот...

Најголем дел од македонските граѓани и понатаму не го селектираат отпадот што го исфрлаат од домовите [инфографик]

Најголем дел од македонските граѓани не го селектираат отпадот што секојдневно го исфрлаат од своите домови. Статистиката покажува дека и во 2020 година, исто како со години наназад, најголем дел од комуналниот отпад што го собираме е неселектиран. Тој завршува на депониите со висок ризик за загадување на животната средина, особено во делот на почвите и водите. Проблемот со...

Општините не успеале да соберат над 280.000 тони комунален отпад минатата година [инфографик]

Македонските граѓани продолжуваат да создаваат огромни количества на комунален отпад, кои општинските комунални претпријатија не успеваат да го соберат и да го однесат до депониите. Во 2020 година, вкупното количество на создаден комунален отпад изнесувало 913.033 тони, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во споредба со 2019 година, сме создале за 1 отсто помалку отпад, но далеку поголемо...

Прилеп годишно селектира отпад колку цела земја заедно, ДЗР бара да го довршат Центарот за секундарна селекција

Општина Прилеп е првенец во земјава во однос на селекцијата на отпадот што се создава од граѓаните и компаниите на нејзина територија. Од вкупно 28.000 до 31.000 тони отпад што се создава во текот на една година, Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп успева да селектира и продаде меѓу 1.200 и 13.000 тони селектирани отпадни материјали на годишно ниво,...

Со нови контејнери во Скопје, годинава ќе се зголемува селекцијата на стаклениот отпад за 20 отсто

Нови 60 садови за одлагање на стаклена амбалажа ќе бидат поставени во скопските општини Гази Баба и Аеродром, со цел преку зајакнатата отпадна инфраструктура да се дејствува кон подигање на свеста на граѓаните за рециклирање на стаклото како амбалажен материјал и за ангажирање на експерти што ќе создадат соодветен модел за рециклажа на стакло што во иднина ќе биде...

Скопски Аеродром по теркот на Љубљана сака да ја одржува јавната хигиена во општината

Пунктови за собирање на кабаст отпад, канти за селекција на отпадот во секое домаќинство, машина за компостирање на органски отпад, вендинг машини што ќе се постават низ општината и редовно чистење на локациите се активностите што планираат да ги преземат општинските власти од Аеродром за решавање на проблемот за управување со отпадот. Тие велат дека ќе воведат европска методологија...

Само 0,3 отсто од собраниот отпад лани во Скопје бил селектиран, „Комунална хигиена“ вели не е исплатливо

Во острите критики што ги упатија државните ревизори кон државните и општинските власти во однос на третманот и справувањето со пластичниот отпад се најде и скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“. Тие тврдат дека јавното комунално претпријатие (ЈКП) од Скопје врши третман на пластичен отпад, иако не ги исполнува минималните технички критериуми за вршење на дејноста складирање, третман и/или преработка...

Припадници на ранливи категории граѓани за 13 недели собраа 4,5 тони хартија и 2,5 тони пластичен отпад

Над 4,5 тони хартија и 2,5 тони пластика за само 13 недели се собрани и испратени на рециклирање преку проектот „Селектирам“ на невладината организација „Гоу Грин“. Отпадната амбалажа ја подигаа петмина собирачи од социјално ранливите категории граѓани, кои во периодот од август до декември работеа во 46 згради или со околу 2.000 домаќинства во општините Центар, Кисела Вода, Карпош...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...