Денеска нова епизода на емисијата за млади „Шорткат“, во фокус селекцијата на отпадот

Новата епизода на емисијата за млади „Шорткат“ и овој четврток носи интересни и актуелни теми. Фокусот на втората по ред емисија го ставивме на темата за селекцијата на отпадот и неформалните собирачи на отпад.

Во земјава над 80 проценти од комуналниот отпад завршува на депониите, додека неформалните собирачи се најревносните лица кои ја вршат селекцијата на отпадот. За нивните проблеми, како и за иновативниот проект на социјалното претпријатие „РЕДИ“ и „Гоу Грин“ што треба да помогне во решавање на статусот на неформалните собирачи и да го зголеми процентот на селекција на отпадот, многу повеќе ќе може да дознаете во втората епизода на „Шорткат“: