fbpx
Таг: управување со отпад

таг: управување со отпад

Во Свети Николе нема да се гори ниту медицински, ниту опасен отпад

Ниту еден вид на отпад нема да се согорува на регионалната депонија во селото Мечкуевци во Општината Свети Николе. Капацитетот, кој треба да биде првата депонија по европски стандарди изградена во земјава, ќе има само објекти за секундарна селекција на хартија, пластика, стакло, дрво и метал и ќе се врши третман и депонирање на комунален отпад. Во Свети Николе...

ЕУ ни го чисти ѓубрето од нелегалните депонии во општините во Источна Македонија

Најголемиот проект за чистење на нелегалните депонии во моментов се спроведува во македонските општини од Источниот и Североисточниот регион. Со финансиски средства од ЕУ, државата во моментов се занимава со чистење на создадениот отпад во неколку градови. Па така, во Пробиштип се затвораат 22 создадени ѓубришта, во Берово се затвораат 11 вакви локации, додека во Виница се затвораат 3...

Невладините реагираат на измените во законот за отпад во полза на загадувачите

Невладините организации Гоу Грин и коалиција 02 реагираат на четирите предлог-измени во законите за отпад кои се доставени до Собранието на РСМ во скратена постапка. Тие реагираат на измените што се предлагаат во законите за управување со отпад, кои во пакет беа донесени од парламентот во септември 2021 година. Предлозите доаѓаат од ДУИ, ЛДП, ВМРО-ДПМНЕ и Министерството за животна...

Шукова: До јануари ќе се распише тендер за изградба на регионалната депонија во Свети Николе

Најдоцна до јануари ќе биде распишан меѓународниот тендер за избор на компанија што ќе ја гради регионалната депонија и претоварните станици за Источен и Североисточен регион кај селото Мечкуевци, Општина Свети Николе. Ова денеска го најави министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова. Министерката информираше дека во финална фаза е подготовката на тендерската документација за проектот во вредност...

ЕУ ќе го забрани извозот на отпадна пластика во сиромашните земји

Европската Унија (ЕУ) склучи договор кој ќе ги спречи бродовите со отпадна пластика да се истовараат во пристаништата на посиромашните земји. Европските пратеници и земјите-членки, се согласија во петокот да забранат извоз на пластично ѓубре во земји надвор од групата на богати земји на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦР), од средината на 2026 година. Договорот се склучи на...

Ниту прогласувањето на Шар Планина за национален парк не го реши проблемот со отпадот – институциите молчат

Ниту прогласувањето на дел од Шар Планина за национален парк не ги спречи несовесните граѓани да ја зaгадуваат природата, а ниту пак институциите посериозно да пристапат кон решавање на овој проблем. Отпад и диви депонии има насекаде низ Шара. Овој проблем долги години никако да се реши, а граѓанското општество алармира: Ако сакаме Шар Планина да ја претвориме во...

Ако се мери по тоа колку ѓубре правиме, Македонија веќе може да биде членка на ЕУ [инфографик]

Македонија може да стане полноправна членка на ЕУ, барем ако се земе во предвид критериумот за тоа колкаво количество на ѓубре создаваме на национално ниво. Земјава со 452 килограми создаден комунален отпад по глава на жител во 2021 година е конкурентна со европските земји и е блиска со просекот на ЕУ, каде истата година биле создадени 527 килограми по...

ДИЖС откри опасен отпад расфрлан на нива кај скопското село Орман

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информира дека откриле околу 500 до 600 тони опасен отпад расфрлан наземјиште во скопското село Орман на територијата на Општина Ѓорче Петров, соопшти Джравниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), пренесува Радио Слободна Европа на македонски јазик. „При редовна обиколка од страна на овластениот инспектор за животна средина при Општина Ѓорче Петров на ден 10.10.2023...

Рекорден раст на создадениот отпад од пакување во ЕУ

Отпадот од пакување, вклучително и оној создаден од испораките на храна и други купувања преку Интернет, достигна рекордно високо ниво во Европската унија, објави вчера Евростат, пишува германската новинска агенција ДПА. Во 2021 година, секој човек што живее во ЕУ создал во просек по 188,7 килограми отпад од пакување, што е зголемување за 10,8 килограми по лице во споредба со...

Парите од ќеси што ги купуваме во маркетите ќе се вложат во контејнери за селекција на отпад

До крајот на октомври ќе биде објавен јавниот повик за набавката на контејнери и канти за селекција на отпад (хартија, тетрапак, пластика и метал) за сите македонски општини. Министерството за животна средина и просторно планирање во моментов го подготвува тендерот, преку кој ќе се распределат 30.018 канти од 120 литри и 3.017 контејнери од 1,1 метри кубни. Средствата во...

ЈП Дрисла одбива да го потпише записникот за загадувањето на Маркова река

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка против ЈП Дрисла Скопје и против управителот пред Основниот кривичен суд во Скопје, затоа што од претпријатието одбиваат да го потпишат Записникот за спогодба, по извршениот вонреден надзор, информираа од Владата. Инаку, ЈП Дрисла Скопје се соочува со казна од 110 илјади до 120 илјади евра,...

Депонијата „Дрисла“ може да ја казнат до 120.000 евра за загадувањето на Маркова Река

Од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) објавија дека против депонијата „Дрисла“ ќе добие прекршочна санкција поради загадувањето на водите на Маркова Река. Ова е епилогот на вонредниот инспекциски надзор направен на 4 септември годинава на барање на здружението „Младите од Батинци“, коишто веќе протестираа пред скопската депонија. Од ДИЖС визуелно утврдиле дека има загадување на Маркова Река со темно-кафеава...

Компанија од Словенија ќе го чисти отпадот во Тетово, Советот едногласно ја донесе одлуката

Отпадот во Тетово ќе го собира и депонира компанија од Словенија преку јавно-приватно партнерство со Општина Тетово. Оваа одлука едногласно беше изгласана од сите општински советници. Општината претходно распиша тендер на кој беше избрана словенечката компанија за вршење на овој вид на услуги и која беше единствената што се пријави на јавниот оглас. На тендерот му претходеше физибилити студија...

Современи депонии најпрво ќе добијат Полошкиот, Југозападниот и Пелагонискиот регион

Во октомври 2024 година се очекува да започне изградбата на современите регионални депонии за Полошкиот регион, која треба да се гради кај Русино, Гостивар и за Југозападниот и Пелагонискиот регион што ќе биде лоцирана на дел од површината на досегашниот рудник за јаглен „Суводол“ во битолско Новаци. Во моментов се подготвува тендерската документација за претстојните четири меѓународни тендери - по...

„Макс ван дер Штул“ е еколошки одговорна библиотека, Абдулахи: Дури и едно собрано капаче е вредно

Покрај тоа што им овозможува на студентите да учат, библиотеката „Макс ван дер Штул“ во Тетово служи и како еколошки пункт каде што тие можат да бидат и одговорни граѓани. Во оваа библиотека се собираат капачиња од пластични шишиња кои потоа се рециклираат, а пак собраните средства се наменети за хуманитарни цели. Во врска со оваа активност, Порталб.мк разговараше...

Во акциска контрола утврдени неправилности во четири отпади

Полициски службеници од криминалистичката полиција од СВР Битола, во Битола, Ресен и Прилеп, заедно со инспектори од Државен инспекторат за труд, УЈП и Министерството за животна средина спровеле акциска контрола во фирми кои се занимаваат со откуп на секундарни суровини. Од МВР соопштуваат дека во Битола биле контролирани три отпади, од кои во два биле констатирани неправилности. Во Ресен била извршена...

Американската амбасада и Општина Центар чистеа ѓубре на скопското Кале

По повод 50-годишниот јубилеј од одбележувањето на Светскиот ден за заштита на животната средина - 5 јуни, Општина Центар и Амбасадата на САД во Република Северна Македонија утринава заеднички чистеа ѓубре околу скопската тврдина Кале, информираат од Општина Центар. Во новата екоакција, која се одвиваше под мотото #BeatPlasticPollution!, се вклучија градоначалникот Горан Герасимовски и амбасадорката на САД Ангела П. Агелер,...

Шест општини од Пелагонискиот и Југозападниот регион ќе работат на управување со отпадот

Општините Битола, Прилеп, Новаци, Охрид, Кичево и Пласница ќе работат на локално ниво на имплементација на проект за управување со отпадот. Денеска беа потпишани меморандумите за соработка помеѓу овие општини и САЛАР Интернационал, по повод одбелжувањето на 5 Јуни, Светскиот ден на животната средина и воведната конференција на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“. Новиот проект е насочен...

Скопје прекриено со ѓубре, активистите поставија канта за отпадоци што зборува [фото+видео]

Скопје и Македонија се прекриени со отпадоци, а поаѓајќи од овој факт Центарот за современи уметности се одлучи да креира интерактивна канта за смет која зборува со минувачите и ги опоменува да не фрлаат ѓубре наоколу, информираат тие. „Се надеваме дека опоменувајќи ги граѓаните но и надлежните на ваков креативен и по малку хумористичен начин ќе успееме барем малку да...

ЕУ бара македонските власти итно да ги имплементираат проектите за управување со отпад на терен

Шефот за соработка на Делегацијата на ЕУ во земјава, Стефен Худолини го повтори ставот на Европската Унија до македонските институции под најитно да отпочнат со практична имплементација на проектите за управување со отпад на терен. Худолини денеска порача оти ЕУ за земјава издвојува значајни средства за животната средина, особено во делот за управување со отпад. „Но, заостануваме со имплементацијата. Ургентно...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...