fbpx
Таг: управување со отпад

таг: управување со отпад

Мета факт: Неисполнето ветувањето на градоначалникот Бобан Стефковски за изградба на спортски центар на Вардариште

Актуелниот градоначалник на скопската општина Гази Баба, Бобан Стефковски во предизборниот период пред локалните избори што се одржаа во октомври 2021 година вети чистење на отпадот од Вардариште и изградба на спортско-рекреативен центар на оваа локација. Ваквите изјави на градоначалникот Стефковски се невистинити. Претворањето на Вардариште во спортско-рекреативен центар не се случи, а на некои делови од оваа локација...

Мета факт: Споровозно се исполнува ветувањето за чистење на депониите во Источен и Североисточен регион

Од 2020 година до денес, во континуитет се одолговлекува чистењето на нестандардните општински депонии и ѓубриштата во Источниот и Североисточниот плански регион. Причините за одложувањето беа од изборот на компании и надзор над работите што ќе ги чистат депониите, преку потребата од изработка на неопходната урбанистичка документација од општините за овие локации, до проблематизирањето на изградбата на современата регионална...

Над 3.500 жители на Центар селектираат отпад, „ПОЦ“ планира да го прошири проектот

Две години по неговото воведување, проектот „И отпадот има вредност!“ на Општина Центар и јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“ (ПОЦ) е прифатен од над 3.500 жители кои вршат селекција на отпадот преку Green Pay картичката, а досега преку вендинг машините се собрани повеќе од 576.800 пластични шишиња и лименки или приближно 12 тони отпад се селектирани и рециклирани. „Во...

Инвестициите во животна средина на 62,7 отсто реализација, загадувачот не секогаш плаќа за хаваријата

Државната програма за инвестирање во животната средина за периодот 2019-2021 година има реализација од 62,7 отсто, а средствата од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) не се доволни за финансирање на активностите во областа воздух и заштита на природата. Само 37 отсто од општините имаат приходи по основ на надоместоци за управување со отпад. Ова...

До крајот на годината тендер за регионалната депонија во Свети Николе, изградбата догодина

Со задоцнување од речиси една година, наскоро ќе се објави меѓународниот тендер за изградба на регионалната депонија во Општина Свети Николе и шесте претоварни станици во Источниот и Североисточниот плански регион. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешниот брифинг за новинарите изјави дека подготвената тендерска документација е целосно ревидирана и до крајот на неделава ќе...

Средношколци гледаа филмови за климатски промени и намалување на отпадот

Средношколци од 12 скопски средни училишта следеа проекција на филмови за климатски промени и отпад во киното Синеплекс, во рамки на проектот „EU Youth Cinema: Green Deal“, финансиран од ЕУ и спроведен од Здружението „Гоу Грин“ Скопје во соработка со Град Скопје. Беа прикажани филмовите „Фактите за климатските промени“ (во продукција на BBC, 2019) и „Планина од отпад: скриениот...

РЕДИ-Рециклажа ќе собира селектиран отпад и од зградите во Аеродром, Бутел, Гази Баба и Кисела Вода

Градоначалниците на општините Аеродром, Бутел, Гази Баба и Кисела Вода потпишаа меморандуми за соработка со социјалното претпријатие „РЕДИ-Рециклажа“ кое повеќе од една година работи со примарна селекција на отпадот од станбените згради во Скопје. Меморандумите за соработка беа потпишани во рамките на вториот меѓународен „РЕДИ Самит“ кој вчера и денеска се одржува во Скопје. Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски го...

По шест месеци, пратениците го усвоија задолжувањето кај ЕБОР за изградба на регионалните депонии

Речиси шест месеци откако Владата на РСМ го испрати до Собранието предложениот закон за задолжување на земјава кај Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), пратениците денеска го усвоија законското решение со кое ќе се обезбеди кредит од 55,3 милиони евра за изградбата на регионалните депонии за пет плански региони. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека...

Политиките за животна средина и клима високо целат, но малку се имплементираат

Европските директиви кои ги засегнуваат прашањата од животната средина и климатските промени се генерално имплементирани во домашното законодавство, но и понатаму недостасува ефикасна имплементација. Сè уште не е донесен Законот за климатска акција, најголемите енергетски капацитети работат без А-интегрирани дозволи, амбициозните климатски политики не се во согласност со актуелните активности, принципот загадувачот плаќа не се спроведува доследно и нема...

Мета факт: Исполнето е ветувањето за постепена забрана на пластичните кеси

Владата на Република Северна Македонија во Програмата за работа на владата во периодот 2020-2024 година вети дека до 2024 година постепено ќе ја забрани употребата на пластични кеси во малопродажба во земјава. Ова владино ветување е исполнето. Имено, на 1 декември 2021 година стапи на сила одлуката за забрана за пуштање на пластични кеси на пазарот во земјава. Како што се...

Мета факт: Делумно исполнето ветувањето на владата за помош на општините за набавка на нови контејнери и канти

Владата на Република Северна Македонија во Програмата за работа во периодот 2020-2024 година има ветено дека до крајот на 2024 година ќе обезбеди директна поддршка за набавка на 10.000 канти и контејнери на годишно ниво за општините како помош за заштита на животната средина. Ова владино ветување го оценуваме дека е во тек со спроведување и е делумно исполнето до...

Општините спас од ѓубрето гледаат во изведбата на современите регионални депонии

Во Македонија во моментов има само две регионални депонии што се во функција во Скопскиот и Полошкиот плански регион - „Дрисла“ и „Русино“, но единствено скопската депонија има А-интегрирана еколошка дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање, иако и кај неа е неопходно да се инвестира во постројки за секундарна селекција и натамошен третман на собраниот отпад. Воспоставувањето...

Ќе се чистат локации загадени со жива, се почнува од ОХИС

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе започне со изработка на Стратегија за идентификација на локации контаминирани со жива. Активностите од документот практично ќе се применат во погоните со жива на поранешниот гигант ОХИС, како пилот-локација. Како што информира министерот Насер Нуредини, Канцеларијата за POPs ќе работи на Национален имплементационен план за редукција и елиминација на жива, на почеток...

Кочењето на регионалната депонија во Свети Николе стигна до Извештајот на ЕК

Македонските власти наредната година треба особено да се посветат на спроведувањето на мерките за воспоставување на регионален систем за управување со отпад, особено во Источниот и Североисточниот регион. Општина Свети Николе е експлицитно наведена дека го кочи процесот за изградба на современата регионална депонија за двата региона, за која веќе се обезбедени финансиски средства од ЕУ. „Започнаа активности за изградба...

ЕУ ја усвои регулативата за универзализација на полначите за мобилни телефони

Европската Унија ја усвои новата законска регулатива, која што бара од производителите на мобилни телефони да овозможат универзализација на полначите за овие и други помали електронски уреди, пренесува „Политико“. Ова би значело дека „Епл“ во иднина ќе мора да ги стандардизира полначите за „Ајфонот“ со полначите за мобилни телефони од другите производители. Сите компании ќе мора да ги променат полначите...

Инвестициите во заштита на животната средина растат, но малку се вложува во заштита на почвата и шумите [инфографик]

Во државата лани се зголемиле инвестициите во заштита на животната средина, но издвоените средства се далеку од рекордните нивоа што биле постигнати во текот на 2018 година. Најголеми се трошоците за постапување со отпад, но затоа пак најмалку се инвестирало во заштита на почвата и шумите во 2021 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Вкупните трошоци...

НП „Шар планина“ сѐ уште не е во функција, граѓаните се жалат на заканите за планината

Нацрт-планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“ за периодот 2022-2031 година има нејаснотии во толкувањето. Ова беше еден од проблемите што беа посочени во јавната расправа за Шар Планина, за што Министерството за животна средина и Даниел Богнер, експерт за управување со заштитени подрачја, ветија дека ќе ги поправат во наредниот период. Новата јавна установа „НП Шар Планина“...

Да ги храниме економиите не депониите – банките за храна помагаат во борбата против гладта [фото]

Да ги храниме економиите, а не депониите. Ова е мотото на Банката за храна Македонија, која веќе 12 години неуморно се бори против фрлањето на храна како отпад во земјава и против гладот меѓу македонските граѓани. Со Душко Христов, основач и раководител на организацијата, разговаравме во нивните простории во Скопје во периодот кога се подготвуваа месечните пакети кои ги...

Општините претворени во паркиралишта и се дават во ѓубре, никој не работи на Законот за комунална полиција

Ќе добијат ли Скопје и другите македонски градови комунална полиција? Дали законите за чистота, комунален ред, зеленило, паркирање и многу други, кои се одамна усогласени со европските и го уредуваат речиси секој аспект од урбаното живеење, конечно ќе добијат и вистинска примена во праксата. Долгогодишни се барањата на граѓаните на улиците да се вратат маалските полицајци. Редот и чистотата...

Заемот од ЕБОР за изградба на регионалните депонии ги чека пратениците да се вратат од одмор

Потпишувањето на договорот со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на регионални депонии по стандардите на ЕУ во пет региони во земјава е возможно да се случи откако Собранието на РСМ ќе го изгласа Законот за заем, информираат за Мета.мк од Министерството за животна средина и просторно планирање. „Истиот е сѐ уште во собраниска постапка и од...