fbpx
Таг: управување со отпад

таг: управување со отпад

Се чистат дивите депонии во Националниот парк „Шар Планина“

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заедно со директорот на Управата за животна средина при МЖСПП, Хисен Џемаили, и директорот на ЈУНП „Шар Планина“, Ибрахим Дехари, денеска направија обиколка на активностите за чистење на дивите депонии и транспорт на отпадот на дел од предвидените локации што се наоѓаат на територијата на Националниот парк „Шар Планина“. Активностите опфаќаат...

Општина Аеродром започна со чистење на дивите депонии, вклучувајќи ја и големата во Долно Лисиче

Општина Аеродром, заедно со службите на ЈП „Комунална хигиена“ неделава започнаа со чистење на дивите депонии на територијата на оваа скопска општина, информираат општинските власти. Акцијата за чистење на деловите од Општина Аеродром се реализира на локациите на кои во изминатиот период беше забележана поголема концентрација на отпад. Акцијата започна на локации во Долно Лисиче, Горно Лисиче, населбата Лисиче, Ново...

ЈП „Комуналната хигиена“ тврди дека исчистиле 150 диви депонии низ Скопје, бараат помош од државата

Скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“ во периодот јануари-јуни 2022 година исчистило приближно 150 локации на кои имало диви депонии во главниот град, информираат денеска од ова претпријатие. Од дивите депонии во првите шест месеци од годинава тие остраниле 5.872 тони отпад во речиси сите скопски општини, а се пофалија и дека во периодот од 21 март до 28 мај...

Виница, Штип и Пехчево први ќе почнат со чистењето на депониите, за Североистокот ќе се бара нова компанија

Во дел од општините од Источниот плански регион при крај е подготовката на планско-урбанистичката документација за чистењето на нестандардните општински депонии и ѓубриштата, додека некои од локалните самоуправи и понатаму работат на изработката на документацијата која е предуслов за да се отпочне процесот. Општините Виница, Штип и Пехчево први ќе започнат со чистењето на натрупаниот отпад на локациите, бидејќи...

Статус кво со изградбата на регионалната депонија во Свети Николе, постојните депонии се палат

Наместо меѓународен тендер за избор на компанија што ќе ја гради модерната регионална депонија кај овчеполското село Мечкуевци, источниот дел на Македонија се соочува со палење на постојните депонии и енормно загадување на воздухот во летните месеци. Откако Општина Свети Николе на почетокот од годинава се изјасни дека е против изградбата на регионалната депонија на нејзина територија пред самото распишување...

Ветувањето за град исчистен од ѓубре не се гледа на терен: Скопје, голема депонија ќе бидеш ти! [фото]

Поминува осмиот месец од раководењето со градот на градоначалничката Данела Арсовска, а ветувањето за решавање на проблемот со дивите депонии во Скопје на терен не е исполнето. Арсовска во предизборието пред локалните избори лани вети дека во првите 82 дена ќе ги исчисти сите диви депонии на територијата на главниот град. Откога измина овој период од 82 дена, таа на...

Порталб: Туристичката сезона започна, отпадоци пливаат во Дебарското езеро (ВИДЕО)

Лежалките се поставени, дебарчани се подготвуваат за летната сезона. Но, убавиот впечаток на оваа туристичка атракција се расипува од отпадот во дивите депонии близу селата покрај реката Радика. Граѓаните бараат решавање на овој проблем, бидејќи предизвикува еколошка катастрофа на Дебарското езеро, пишува Порталб.мк. Пластични шишиња и друг отпад може да се видат во Дебарското езеро, додека се очекува туристи да...

Арсовска: Градот Скопје е прва единица на локалната самоуправа со проект за рециклирање и реупотреба на градежен отпад

Управување со отпад и развој на локалната економија е тема на дводневната ТАИЕКС работилница која со поддршка на Европскатс делегација се одржува во Скопје. На отворањето на работилницата се обратија градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, раководителот на соработка на Делегацијата на ЕУ Стефен Худолин, заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски и претставникот на ТАИЕКС инструментот за поддршка...

ЕБОР ги обезбеди средствата за изградба на регионалните депонии во земјава

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбеди поволни средства во вредност од над 200 милиони евра за реализација на регионалните проекти за управување со отпад и проектот за изградба на делница од автопатот Скопје-Блаце. Станува збор за клучни проекти кои државните власти две децении бараат средства за нивна реализација. „Предлог законите за обезбедување на средствата од оваа меѓународна финансиска...

Владата го утврди текстот на предлог-законите за регионалните депонии и за автопатот Скопје-Блаце

На предлог на Министерството за финансии Владата денеска го утврди текстот на Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Регионалниот проект за цврст отпад. „Основната цел на гаранцијата за заем за финансирање на проектот е да го помогне развојот на регионални системи за управување...

Маричиќ: Управувањето со органски отпад го реализираме преку ИПА проекти, а со тоа ги постигнуваме и целите на Залениот договор

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ во серијалот ИПА проекти и искористувањето на европските средства, денес на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави дека Европската Унија дава финансиска поддршка за управување со органски отпад, бидејќи е важно прашање за заштита животната средина и е една од најсложените области во однос усогласување со регулативите на...

Селекцијата лани минорно зголемена, 82,7 отсто од отпадот како мешан завршува на депонија [инфографик]

Селекцијата на отпадот останува неразрешлив проблем за македонските домаќинства и компании. И во 2021 година, најголем дел од комуналниот отпад што сме го создале, без било какво одвојување и фрлање во посебни контејнери, како измешано ѓубре завршило на депониите низ земјава. Според податоците од Државниот завод за статистика, дури 522.914 тони од собраното ѓубре по контејнерите е измешан комунален...

Обемот на несобран отпад низ годините расте, општините ја кочат изградбата на регионалните депонии [инфографик]

Проблемот со управувањето на отпадот во Македонија продолжува да расте, а главната опасност е можноста за создавање на нови диви депонии низ општините. Податоците низ годините покажуваат дека количеството на создаден комунален отпад од граѓаните и компаниите се зголемува побрзо од обемот на отпад што можат да го соберат јавните комунални претпријатија низ општините. Според податоците на Државниот завод за...

Студентите ќе рециклираат и ќе добиваат пари на студентска картичка [фото]

Студентите кои се сместени во трите студентски домови во Скопје, од сега ќе можат да рециклираат пластика и лименки за што ќе добиваат надомест на својата студентска картичка. За таа цел, на иницијатива на студентите која ја прифатило раководството на домот, во влезовите во зградите на студентскиот дом „Гоце Делчев се поставени автомати за рециклирање, а студентската картичка ќе се...

Владата ќе ги одземе ингеренциите на општина Свети Николе за регионалната депонија во Мечкуевци

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) ја започна процедурата за одземање на ингеренциите на Општина Свети Николе за проектот за изградба на регионална депонија во Источен и Североисточен плански регион. Општината ќе нема ингеренции, но ќе има претставници во новото регионалното комунално претпријатие. Одземањето на ингеренциите ќе биде само во делот на функционирање на регионалното комунално претпријатие за...

ЕБОР со одлични оценки за владината апликација за изградба на регионалните депонии во земјава

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) дала 73 поени и со термините „добро управуван“ и „инклузивен“ ја оценила владината апликација за кредит во висина од 55,3 милиони евра за изградба на регионалните депонии по стандардите на ЕУ за пет региони од земјава. Банката на почетокот од јуни годинава треба да ја објави финалната одлука за финансиската поддршка на...

Цела година се одлага чистењето на депониите и ѓубриштата во општините од источна Македонија

Од март минатата година, преку април и септември, до ново ветување за претстојнава пролет. Ова е серијалот на ветувања од цела една година за почетокот на чистењето на нестандардните општински депонии и ѓубриштата што ги загадуваат водите, почвата и воздухот во 18 општини од Источниот и Североисточниот регион од земјава. Почетокот на пролетта пристигна, но засега нема најава од државните и...

ЕУ ја критикува Северна Македонија за 1.000 диви депонии и десетици диви комунални депонии

Исполнување на „Зелената агенда“ е многу важен чекор во патешествието на Северна Македонија кон Европската Унија. Во последниот извештај за напредокот објавен од Европската комисија нашата земја доби голем број критики во однос на животната средина и екологијата. Државните институции треба да ја подобрат меѓусекторската координација, да ги зголемат средствата за намалување на загадувањето на воздухот и да преземат...

Започна чистењето на дива депонија во Шуто Оризари, друга повторно се создава кај железничкиот мост во Лисиче

ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на изминатиов викенд започна активности за отстранување голема дива депонија лоцирана во скопската општина Шуто Оризари, во непосредна близина на спортската сала, информираат од ова јавно претпријатие. „Во координација со Градот Скопје и општината Шуто Оризари, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје викендов започнаа со отстранување на исклучително обемна дива депонија лоцирана во оваа скопска општина....

Еден месец по појавата на дива депонија со градежен шут во Тетово, градските власти уште трагаат по решение

Кон крајот на минатиот месец на локацијата кај стариот стадион во Тетово се појави нова дива депонија на инертен отпад, смет и други отпадоци од што се шири непријатна реа и дополнително се загадува воздухот и околината во Тетово. Справувањето со градежниот шут се врши на начин на кој создавачот на отпадот треба самиот да го транспортира до специјално одредени...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...