fbpx

Арсовска: Градот Скопје е прва единица на локалната самоуправа со проект за рециклирање и реупотреба на градежен отпад

-

Управување со отпад и развој на локалната економија е тема на дводневната ТАИЕКС работилница која со поддршка на Европскатс делегација се одржува во Скопје. На отворањето на работилницата се обратија градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, раководителот на соработка на Делегацијата на ЕУ Стефен Худолин, заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски и претставникот на ТАИЕКС инструментот за поддршка на локалната самоуправа, Николас Домингез Мендоза.
Арсовска во воведното обраќање истакна дека Градот Скопје неодамна го потпиша договорот за реализација на европскиот  проект Re-Construct финансиран од ЕУ, за креирање и управување екосистем за имплементација на циркуларен модел за справување со градежен отпад.
„Со помош на овој проект за прв пат на национално ниво во единица на локална самоуправа се отпочнува со третирањето на градежниот отпад, изнаоѓање на начини за негова иновативна пренамена и негова повторна употреба. Главната цел на овој проект е да се зголемат и подобрат капацитетите на Град Скопје за рециклирање и реупотреба на градежен отпад и транзиција кон циркуларна економија“, изјави Арсовска.
Арсовска истакна дека ТАИЕКС мисијата на овие актуелни теми е значајна и придонесува за развој на капацитетите, искористувајќи го знаењето и воспоставените практики од европските земји во насока на подобрување на локалното справување и унапредување на системот за управување со отпадот согласно меѓународните стандарди.
Шефот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Стефен Худолин го истакна значењето на Зелениот договор и дека тој не треба да се однесува само на животната средина, туку дека тој треба да биде применет во секоја област, како и дека локалната самоуправа во Македонија треба посветено да реализира активности опфатени од Зелениот договор по примерот европските практики.
На работилницата, голем број меѓународни експерти од оваа област, дискутираа, разменуваа искуства, даваа совети и насоки, а беа споделени и практични примери за неколку области од Акциониот план за циркуларна економија со цел да се поддржи развојот на циркуларни системи за управување со отпад во различни општини во Македонија, а учествуваа и претставници од надлежните градски јавни претпријатија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...