fbpx

Компанија од Словенија ќе го чисти отпадот во Тетово, Советот едногласно ја донесе одлуката

Од Општината соопштија дека предвидено е словенечката компанија да го собере целиот отпад и да го транспортира до депонијата Русино, а во меѓувреме истиот и ќе треба да се селектира

-

Отпадот во Тетово ќе го собира и депонира компанија од Словенија преку јавно-приватно партнерство со Општина Тетово. Оваа одлука едногласно беше изгласана од сите општински советници. Општината претходно распиша тендер на кој беше избрана словенечката компанија за вршење на овој вид на услуги и која беше единствената што се пријави на јавниот оглас. На тендерот му претходеше физибилити студија за оправданоста на јавното-приватно партнерство, пишува Порталб.мк.

На 31.3.2023 година, Советот на општина Тетово го одобри заклучокот на физибилити студијата за обновување на јавно-приватно партнерство за собирање на отпадот низ територијата на општина Тетово до регионалната депонија Русино. На истата седница, општинскиот совет донесе и одлука за отпочнување на постапката.

Потоа следуваше јавен повик и како понудувач се пријави само една компанија, а тоа е „Заубермахер“ од Словенија, компанија која врши услуги за заштита на животната средина, трговија и транспорт.

Од Општината соопштија дека предвидено е словенечката компанија да го собере целиот отпад и да го транспортира до депонијата Русино, а во меѓувреме истиот и ќе треба да се селектира.

Од Општината појаснуваат и дека приватниот партнер е должен да ги префрли работните места од јавното претпријатие, поточно на работниците на комуналната хигиена во новото партнерство, од кои 31 мора да бидат административен, а 61 технички персонал.

„Со ова ќе се стави крај на долгогодишниот проблем со условите и платите на вработените во јавното претпријатие, тие ќе бидат со договор на неопределено време и ќе уживаат здравствено осигурување, пензија, признавање на работното искуство и така натаму“, објаснуваат претставниците на Општина Тетово.

Наплатата на сметките ќе се врши од страна на приватниот партнер, а пристап ќе има и јавниот партнер, при што дел од добивката ќе му припаѓа и на јавниот партнер.

За ова партнерство гласаа сите присутни советници на седницата.

„Ако ова е решение работниците да не останат без плати и без здравствено осигурување, тогаш ќе ја поддржиме оваа иницијатива, овој договор, барем градот да го видиме чист. Верувам дека и при изготвување на договорот и цената ќе имаме конструктивна дебата за да успееме еднаш засекогаш да го исчистиме отпадот од градот“, изјави Ветон Мурати, советник од ДУИ.

Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами изјави дека „приоритет беше да се избере компанија со меѓународно искуство и која ефикасно ќе управува со градскиот отпад“.

За потсетување, во јануари 2023 година Советот на Општина Тетово донесе одлука   Јавното комунално претпријатие „Тетово“ да се подели на два нови субјекти, Јавното комунално претпријатие „Шари“ чија дејност ќе биде водоснабдувањето и Друштвото за производство и комунални услуги „Оанеум“ чија дејност ќе биде комуналната хигиена. Причината поради која „Оанеум“ стана трговско друштво, како што објаснуваат од општината, е поради тоа што во постапката за јавно-приватно партнерство законот налага да биде трговско друштво, а не јавно претпријатие. Во меѓувреме, актуелното ЈКП ќе продолжи со преостанатите три активности, конкретно со градскиот пазар, зеленилото и градските гробишта.

Инаку, Тетово со години се соочува со проблемот со градскиот отпад, а работниците на ЈКП работат во тешки услови и со заостанати плати, кое се должи на блокирањето на сметката на ЈКП. Со оваа одлука за јавно-приватно партнерство се очекува да се решат овие проблеми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...