fbpx

Американската амбасада и Општина Центар чистеа ѓубре на скопското Кале

Целта на оваа активност, во која на волонтерска основа учествуваа и вработени во Амбасадата на САД, УСАИД и Општина Центар, беше да се собере целокупниот сув отпад на улиците околу скопската тврдина

-

По повод 50-годишниот јубилеј од одбележувањето на Светскиот ден за заштита на животната средина – 5 јуни, Општина Центар и Амбасадата на САД во Република Северна Македонија утринава заеднички чистеа ѓубре околу скопската тврдина Кале, информираат од Општина Центар.

Во новата екоакција, која се одвиваше под мотото #BeatPlasticPollution!, се вклучија градоначалникот Горан Герасимовски и амбасадорката на САД Ангела П. Агелер, која на работната средба во март покажа особено голем интерес за проектите и политиките што ги спроведува општината за намалување на загадувањето и зачувувањето на животната средина.

Целта на оваа активност, во која на волонтерска основа учествуваа и вработени во Амбасадата на САД, УСАИД и Општина Центар, беше да се собере целокупниот сув отпад на улиците околу скопската тврдина, кој понатаму ќе биде соодветно рециклиран од надлежното претпријатие за управување со отпад ЈП „Комунална хигиена“.

„Ви го честитам 5 јуни, Светскиот ден за заштита на животната средина, со единствена желба интензивно да работиме на зголемувањето на колективната свест за зачувување на животната средина“, рече градоначалникот Герасимовски.

Амбасадорката Ангела П. Агелер истакна дека со задоволство ја прифатила поканата да биде дел од пролетните активности за чистење на Општина Центар. Таа наедно им се заблагодари и на сите поединци што одвоија од своето време за да придонесат во успехот на ваквите екоакции и упати апел за поголема ангажираност во решавањето на проблемот со загадувањето.

Градоначалникот ја искористи оваа акција да им додели и пофалници на учениците од општинските основни училишта „11 Октомври“, „Димитар Миладинов“ и „Гоце Делчев“  што учествуваа на конкурсот на тема „Учиме да рециклираме – заедно креираме“ и беа наградени за најдобрo уредено училиште (катче или дел од двор) со рециклирани материјали. За реализирање на наведената тема учениците, заедно со родителите и наставниот кадар, задолжително користеа предмети, украси и разни реквизити што се направени исклучително од рециклирани материјали.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...