Во новата епизода на „Шорткат“: Приказната на украинската дизајнерка Матјушенко

Елизавета Матјушенко е една од украинските бегалци кои спасот од руските гранати го нашла во Македонија. Младата дизајнерка денес, со дел од своето семејство, живее и работи во Скопје. Повеќе за нејзината приказна дознајте во новата епизода на „Шорткат“.

Во неделните вести за млади информираме и за новоотворената просторија за дружење во студентскиот дом „Пелагонија“, за недоволната селекција на отпад и за борбата на младите уметници против малите хидроцентрали.

Ќе ги видиме и препораките од документот „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“ кои се однесуваат на работните услови што им се потребни на младите во земјава.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот на нашите канали на Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб.