Шорткат: Како функционира автобуското метро во Римини, а кое во Скопје две години се блокира?

Новите вести за млади ќе бидат објавени вечерва во 19 часот

Во новата епизода на Шорткат ќе може да погледнете како функционира автобуското метро во италијанскиот град Римини, кое претставува пример за тоа како би функционирал ваквиот алтернативен јавен превоз кој веќе две години е закочен со реализацијата во Скопје.

Во вечерашната емисија информираме и за почетокот на новата учебна година, како и за новата светска платформа со информации за климата EarthCare.ai и за анализата за екстремните климатски појави во земјава што ја подготвува Центарот за климатски промени. Во Шорткат информираме и за концертот на „21 век“ што ќе се одржи на 1 септември во Младинскиот културен центар во Скопје.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19 часот.