„Шорткат“: Првата зелена комуна во селото Белица

Вестите за млади ќе бидат емитувани вечерва на нашите канали на Инстаграм, ТикТок, Фејсбук и Јутјуб

Заедницата на кичевското село Белица се фокусира на формирање на првата зелена комуна за да може заеднички да обезбеди одржлив развој, искористување на обновливи извори на енергија, еко-туризам и да го поттикне враќањето на жителите во своите стари огништа. Повеќе за оваа иницијатива објавуваме во новата епизода на „Шорткат“.

Во новите вести за млади информираме за тоа до каде е спроведувањето на Законот за млади, како и за увозот на половни возила, додека студентите ги потсетуваме да аплицираат за субвенциониран студентски оброк.

„Шорткат“ се емитува вечерва во 19 часот на сите наши канали на социјалните мрежи.