„Шорткат“: Дали телефонот нè прислушува?

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19 часот

Дали телефонот нè прислушува, беше прашањето што привлече големо внимание и дискусија меѓу експерти и десетици млади на првиот „Сајбер Шејк“ настан што се одржа минатиот четврток. Одговорите може да ги дознаете вечерва во новата епизода на „Шорткат“.

Во вестите за млади информираме и за тоа до каде е вселувањето на студентите во новиот тетовски студентски дом.

Ве водиме и на првиот базар на мали еколошки бизниси во Македонија, а ќе дознаете повеќе и за новата македонска друштвена игра „Преспа“.

„Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19 часот на нашите канали на Инстаграм, ТикТок, Јутјуб и Фејсбук.