Митови за сајбер хигиена и заштита на приватноста онлајн во новата епизода на „Шорткат“

Неделните вести за млади ќе ги емитуваме вечерва во 19 часот

Темата „сајбер хигиена“ е преполна со митови и заблуди што може да нè направат ранливи на онлајн заканите. Во новата епизода на Шорткат разоткриваме дел од вообичаените митови на оваа тема и ги одвојуваме фактите од фикцијата.

Носиме и низа вести за студентите –за дезинформирањето околу греењето во студентскиот дом „Стив Наумов“, за новоизбраната студентска правобранителка на УКИМ, а ќе ги проследиме и пораките упатени по повод Меѓународниот ден на студентите.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот на сите наши профили на социјалните мрежи.