Емисијата за млади „Шорткат“ слави јубилеј од 100 епизоди

„Шорткат“ ќе се емитува вечерва во 19:00 часот на сите наши канали на социјалните мрежи Инстаграм, Јутјуб, ТикТок и Фејсбук

Емисијата „Шорткат“ вечерва ќе се емитува по 100-ти пат, како препознатлив бренд кај младите за доверлив и кредибилен извор на информации. Во оваа јубилејна епизода како главна тема го третираме недостигот на дигитализација во процесот на вселување во студентските домови во Скопје, поради што секоја година се создаваат редици од студенти при приемот на собите во домовите.

Во „Шорткат“ информираме и за постапката како да се дојде до средствата за  субвенциониран студентски оброк што ги добиле студентите годинава, но и за премалкуте средства што земјава лани ги издвоила за заштитата од загадување на воздухот.

„Шорткат“ ќе се емитува вечерва во 19:00 часот на сите наши канали на социјалните мрежи ИнстаграмЈутјубТикТок и Фејсбук.