четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: субвенциониран студентски оброк | 81 резултати

По законските измени, во тек е нов повик за субвенциониран студентски оброк

април 14, 2025

Министерството за образование и наука објави нов повик за аплицирање за субвенциониран студентски оброк, откако претходно месецов беа донесени законските измени со кои се прошири опфатот на студенти кои имаат право на субвенциониран студентски оброк. Согласно законските измени, право на субвенциониран оброк сега имаат редовни студенти запишани на прв, односно втор циклус на студии, како […]

Измените на Законот за субвенциониран студентски оброк пред пратениците, УСС УКИМ апелира да ги изгласаат

април 1, 2025

Измените на Законот за субвенциониран студентски оброк ќе се најдат на дневниот ред на денешната седница во Собранието. Во измените предложени од група пратеници е предвидено менување на условите за тоа кои студенти имаат право на субвенциониран студентски оброк. Освен редовните студенти на додипломски студии, се предлага право на студентски оброк да имаат и студентите […]

Од утре па до петти февруари, нов повик за субвенциониран студентски оброк

јануари 31, 2025

Министерството за образование и наука (МОН) информираше дека рокот за пријавување за субвенциониран студентски оброк за оние студенти кои досега не го оствариле ова право трае од утре, 1 февруари до среда, 5 февруари. Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, можат да поднесат апликација електронски преку порталот „е-услуги“. Право на субвенциониран студентски […]

Јаневска: Студентите ќе одлучат дали сакаат 160 денари оброк или зголемување на опсегот

јануари 9, 2025

Во Буџетот на Министерството за образование и наука (МОН) за следната година се обезбедени средства за покачување на студентскиот оброк од 140 на 160 денари дневно, но студентите ќе одлучат дали повеќе сакаат да се реализира ова зголемување или пак да се прошири опсегот на студенти кои земаат оброк. Ова го изјави министерката за образование […]

Во тек е нов повик за аплицирање за субвенциониран студентски оброк

ноември 4, 2024

Во тек е нов повик за остварување на правото на субвенциониран оброк за оние студенти кои не успеале да го остварат ова право на претходните повици. Аплицирањето трае до утре, 5 ноември. Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/,  а на повикот можат да се пријават сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни […]

Започна исплатата на субвенциониран оброк, студентите што не аплицирале можат да го сторат тоа до сабота

октомври 1, 2024

Од денеска, 1 октомври, започна исплатата на субвенционираниот студентски оброк за студентите кои го оствариле ова право на првиот повик кој беше објавен во август. Субвенционираниот студентски оброк е финансиска поддршка во износ од 140 денари дневно наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои […]

Како можат идните студенти-бруцоши да аплицираат на повикот за субвенциониран студентски оброк?

август 27, 2024

Во тек е пријавување на повикот за субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Повикот трае до 5 септември и на истиот, освен тековните студенти, можат да се пријават и потенцијалните бруцоши, односно оние кои во меѓувреме ќе аплицираат за упис во прва година на факултет, потсетува Министерството за образование и наука (МОН). За нив, […]

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година

август 14, 2024

Министерството за образование и наука информира дека од утре започнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Повикот со условите и начинот на аплицирање е објавен на следниот линк. Рокот за пријавување за тековните и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2024/2025 година е […]

[ИНТЕРВЈУ] Јаневска за високото образование: Просветниот инспекторат ќе има многу работа

јули 27, 2024

Македонија има премногу факултети и универзитети кои не придонесуваат кон напредок на образовниот систем. Државата е извозник на млади умови и таленти бесплатно, а нема план што да направи за да ги задржи. Платите на универзитетските професори се покачија и сега тие треба да ѝ возвратат на земјата и да се ангажираат во нивните области […]

Субвенциониран студенски оброк: 30.000 студенти добиваа средства за храна, најчесто пазареле во супермаркет

јуни 29, 2024

Речиси 30.000 студенти оваа учебна година биле регистрирани како корисници на субвенционираниот студентски оброк, покажуваат бројките што Мета.мк ги доби од Министерството за образование и наука (МОН) – институцијата надлежна за спроведување на оваа мерка. Студентите, генерално, се задоволни од проектот, но велат оти зголемување на сегашниот износ е повеќе од добредојдено. Денеска е последен […]

Од понеделник субвенционираниот студентски оброк ќе се исплаќа на неделна основа

февруари 28, 2024

Од 1 март се менува начинот на кој се исплаќа субвенционираниот студентски оброк. Наместо на дневна основа, од понеделник паричните средства за оваа мерка ќе се исплаќаат одеднаш за шест дена во неделата, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Ваквите новини се предвидени со последните измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, направени на […]

Донесени се измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, што предвидуваат?

февруари 7, 2024

Собранието попладнево ги донесе измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, со што се предвидени новини околу начинот на користење на оваа државна мерка за студентите. Согласно измените, доколку студентот не го искористи правото на субвенционирање на оброк во некој од деновите, износот му останува достапен за користење на сметката до крајот на тековната седмица, […]

Студентите што досега не го оствариле правото на субвенциониран оброк, може да аплицираат до 7 јануари

јануари 4, 2024

До недела, 7 јануари, студентите што досега не успеале да се пријават и да го остварат правото на субвенциониран студентски оброк, можат тоа да го сторат преку порталот „е-услуги“ на Министерството за образование и наука (МОН). За оваа мерка може да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат следниве услови: да се државјани на Република […]

Во тек е нов повик за пријава за субвенциониран студентски оброк

декември 1, 2023

Од денеска, па сè до четврток, 7 декември, студентите што досега не успеале да се пријават и да го остварат правото на субвенциониран студентски оброк, можат тоа да го сторат преку порталот „е-услуги“ на Министерството за образование и наука (МОН). За оваа мерка може да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат следниве услови: да […]

Средба меѓу УСС УКИМ и МОН: субвенциониран оброк на неделно ниво, ретроактивна исплата на стипендиите до 15 декември

ноември 29, 2023

Ретроактивната исплата на заостанатите студентски стипендии ќе започне најдоцна до 15 декември. Вакво ветување добиле претставниците на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) на средбата во Министерството за образование и наука (МОН) со министерот Јетон Шаќири. Како што соопштија од УСС УКИМ, на оваа средба која се одржала со поддршка […]

Студентите мета на фишинг напад – не кликајте на лажни мејлови и линкови за субвенциониран оброк!

ноември 8, 2023

Фишинг напад претставен како наводен линк од „Шпаркасе банка“ од утрово ги демне македонските студенти со ветување дека ќе добијат пари. Нападот кој се споделува преку мејл и како линк што води до лажна веб-страница на банката бара од студентите да ги внесат своите податоци за да се регистрираат за „членство на студентски оброк“. Покрај […]

Студентите кои пропуштиле, од денеска може повторно да аплицираат за субвенциониран оброк

ноември 1, 2023

Од денеска, па сè до вторник, 7 ноември, студентите што досега не успеале да се пријават и да го остварат правото на субвенциониран студентски оброк, можат тоа да го сторат преку порталот „е-услуги“ на Министерството за образование и наука (МОН). За оваа мерка може да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат следниве услови: да […]

Во супермаркети, пекари, сендвичарници – студентите од денеска купуваат оброк субвенциониран од државата

октомври 2, 2023

Покрај стартот на новата академска година, денеска започна со примена и новиот систем на исплата на субвенционираниот студентски оброк. Студентите во земјава кои ги исполниле условите, од денеска па сè до крајот на јуни догодина, на располагање ќе имаат по 140 денари дневно – средства со кои државата преку Министерството за образование и наука (МОН) […]

Картичките за субвенциониран оброк може да се подигнуваат и во сабота, а ќе се користат од понеделник

септември 29, 2023

Наменските платежни картички за користење на средствата за субвенциониран студентски оброк, студентите кои ги исполниле условите за остварување на ова право ќе може да ги подигнуваат во филијалите на Шпаркасе банка и во текот на утрешниот ден – сабота, 30 септември. Вака информираа од Министерството за образование и наука (МОН). Од таму упатуваат апел до […]

Бруцошите од денеска може да аплицираат за субвенциониран студентски оброк

септември 27, 2023

Од денеска студентите во прва година – бруцошите и оние студенти што не запишале летен семестар може да аплицираат за субвенциониран студентски оброк. За оваа мерка може да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат следниве услови: да се државјани на Република Северна Македонија, да се редовни студенти на додипломски студии на државните или приватните […]

Страна 1 од 4