fbpx
Таг: субвенциониран студентски оброк

таг: субвенциониран студентски оброк

По прашањата на Мета, МОН им исплати средства за оброк на студентите кои чекаа со месеци

После три месеци чекање и само една недела откако новинската агенција Мета.мк испрати прашања до Министерството за образование и наука (МОН), десетици студенти ги добија средствата за субвенциониран студентски оброк што државата им ги должеше од март. Електронскиот систем за аплицирање не го ажурира статусот на апликациите навремено кај сите студенти, но и покрај тоа, од МОН тврдат дека...

Почна исплатата на субвенционираниот студентски оброк за мај

Денеска започна исплатата на субвенционираниот студентски оброк за мај. На своите сметки студентите добиваат средства во висина од 2.940 денари – највисокиот износ што досега го добиле по оваа основа. Потсетуваме дека од минатиот субвенционираниот студентски оброк изнесува 140 денари, наместо 120 колку што изнесуваше до март. Субвенционираниот оброк на месечно ниво ќе се исплаќа заклучно за месец јуни, по што...

Мета факт: Исполнето е ветувањето за зголемен субвенциониран студентски оброк, но системското решение ќе почека

Ветувањето на министерот за образование и наука Јетон Шаќири дека износот на субвенциониран студентски оброк ќе се зголеми на најмалку 140 денари дневно е исполнето, откако студентите од април почнаа да ја добиваат повисоката сума. Истовремено, најавата дека од март ќе почне да се применува системското решение со кое студентите ќе купуваат субвенциониран оброк директно од давателите на услугата, не...

Студентите го добија првиот покачен субенциониран оброк

Студентите во земјава на своите сметки денеска ги добија средствата за субвенциониран студентски оброк за април. За овој месец на студентите им се исплатени 2.520 денари. Од месец април државата почна да ја исплаќа зголемената сума од 140 денари дневно за секој работен ден во месецот. Покачувањето на оброкот следува откако студентите и државата во ноември минатата година се договорија...

Субвенционираниот оброк отсега изнесува 140 денари дневно, Собранието го донесе законот

Собраниските пратеници попладнево ги изгласаа измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, со што овозможија да продолжи исплатата на средства за студентите по оваа основа, која престана во март. Според измените, субвенцијата за оброк од април изнесува по 140 денари дневно, наместо досегашните 120 денари. Студентите до крајот на оваа академска година средствата ќе ги добиваат на месечно ниво на...

Законот за субвенциониран студентски оброк ќе се носи по скратена постапка – што предвидуваат измените?

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк да се донесе по скратена постапка, одлучија пратениците на денешната собраниска седница. Пратеничката Моника Зајкова, која е една од предлагачите на законот, појасни дека со предлогот се предвидува дневниот износ на оваа субвенција да се зголеми почнувајќи од април. Од септември пак, треба да почне да се применува системското...

Се чека пратениците да ги усвојат измените на Законот за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека во соработка со пратениците се работи на унапредување на законското решение за правото на субвенциониран студентски оброк, што подразбира, меѓу другото, и зголемување на дневниот паричен надоместок на студентите. „Предлог измените на законот за новото системско решение се во собраниска процедура и по нивно усвојување, исплатата ќе продолжи редовно, а студентите кои...

Покачувањето на субвенционираниот студентски оброк е во собраниска процедура

Во собраниска процедура се измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, со кои износот за студентски оброк треба да се зголеми за 20 денари дневно. Така, наместо 120 денари како и досега, од април студентите на месечно ниво ќе добиваат исплата во која се пресметани 140 денари дневно за секој работен ден од месецот. Предлог-законот од група пратеници е поднесен...

Студентите кои пропуштиле можат да аплицираат за оброк до 26 март

До 26 март можат да аплицираат за субвенциониран студентски оброк сите студенти кои досега не успеале да се пријават за да добиваат пари за тоа, информираат во Министерството за образование и наука (МОН). Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/. „Пријавувањето е многу едноставно, се прикачуваат само два документи – пријава и...

Исплатен е субвенциониран студентски оброк за март

Студентите корисници на правото на субвенциониран студентски оброк денеска на своите сметки почнаа да ги добиваат средствата за тековниот месец март. За овој месец средствата по основ субвенциониран оброк изнесуваат 2.760 денари, односно студентите добиваат по 120 денари дневно за секој работен ден во март. Инаку, веќе од следниот месец се очекува покачување на дневниот износ што го добиваат студентите...

Субвенционираниот студентски оброк да изнесува 140 денари, предвидува новиот предлог-закон

Наместо 120 денари, од 1 април мерката субвенциониран студентски оброк да изнесува 140 денари дневно, предвидува новиот предлог закон доставен до Собранието. Станува збор за нов предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк кој наскоро треба да се најде пред пратениците. Според предлогот, исто така, од септември треба да почне да се применува системското решение...

УСС УКИМ реагира на ненавремената исплата на субвенционираниот оброк и студентските стипендии

Преку отворено писмо, претставниците на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) реагираа за тоа што надлежните во Министерството за образование и наука (МОН) доцнат со исплата на парите за субвенциониран студентски оброк и стипендии за студентите. Оттаму укажуваат дека меѓу студентите владее атмосфера на незадоволство и дека МОН го злоупотребува трпението на студентите со тоа...

До средината на месецов, студентите ќе ги добијат средствата за субвенциониран оброк и стипендии заклучно со март

До средината на март, сите корисници на ученички стипендии, студентски стипендии и субвенциониран студентски оброк ќе ги добијат средствата кои им следуваат заклучно со овој месец, информираше денеска Министерството за образование и наука (МОН). Од ова министерство велат дека постојните корисници на ученички и студентски стипендии кои ова право го оствариле во некоја од претходните учебни, односно академски години, ги...

Исплатени средствата за субвенциониран студентски оброк за јануари

Студентите на своите трансакциски сметки денеска ги добиваат средствата по основ на субвенциониран студентски оброк за јануари. Студенти стапија во контакт со Мета.мк, информирајќи дека за првиот месец од годинава веќе се исплаќаат средствата во износ од 2.520 денари. Сепак, исплатата на средствата доцни цел месец, ако се земе предвид дека според Законот за субвенциониран студентски оброк и според праксата...

Во „Шорткат“ известуваме за новиот простор за студентите на Машински факултет – „Фабрика за учење“

„Фабрика за учење“ е новото место на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во кое студентите можат да креираат производи со користење на работна смарт машина, 2Д камера и робот. Во вечерашната епизода на „Шорткат“ ќе можете да дознаете нешто повеќе за иновативната технологија, која им овозможува на студентите од овој факултет да монтираат и создаваат свои...

Студентите денеска ги добија на сметка и парите за оброк и парите за стипендии

Студентите денеска на своите сметки ги добија декемвриските пари за субвенциониран студентски оброк. За последниот месец од календарската 2022 година, студентите на сметка добиваат по 2.520 денари. Започна исплатата и на стипендиите за студентите кои во академската 2022/2023 го продолжија правото на стипендија. Тие на сметка добиваат средства за четири месеци, односно за месеците октомври, ноември, декември и јануари. МОН во...

МОН: Исплатата на стипендиите и субвенционираниот студентски оброк започнува денес

Министерството за образование и наука (МОН) информираше дека од денес започнала исплатата на финансиските средства за студентски стипендии и субвенциониран студентски оброк. Од министерството велат дека, согласно податоците, 3.415 студенти ќе добијат средства за четири месеци, односно ќе им бидат исплатени стипендиите за месеците октомври, ноември, декември и јануари. Исплатата се однесува на студентите кои го продолжиле правото на стипендија. Корисниците...

Студентите што не го оствариле правото на субвенциониран оброк досега, можат да аплицираат на новиот повик

Студентите што досега не го оствариле правото на субвенциониран студентски оброк можат тоа да го сторат преку аплицирање на новиот јавен повик што Министерството за образование и наука (МОН) го објави вчера. Конкурсот е достапен во системот „е-услуги“ на МОН и е отворен до 31 јануари, односно до вторник. Во делот „Конкурси - Образование“ може да се најдат повиците за...

МОН: Ученичките и студентските стипендии и субвенциите за оброк ќе бидат исплатени до крајот на јануари

Министерството за образование и наука (МОН) информираше дека исплатите за ученички стипендии, студентски стипендии во земјата и во странство и субвенциониран студентски оброк ќе се реализираат во текот на следната недела. Основ за исплата, како што велат од МОН, е усвојувањето на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2023 година и Програмата за остварување и...

Студенти од Педагошкиот факултет во Битола останаа без субвенциониран оброк поради грешка на факултетот

Стотици студенти на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) во Битола уште ги немаат добиено првите средства за субвенциониран студентски оброк, иако на другите студенти им беа исплатени во втората половина на декември. И покрај тоа што ги исполнувале условите, ниту еден студент од втора, трета и четврта година на овој факултет не ги добил субвенциите за...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...