„Шорткат“: Како се студира на Харвард?

За тоа како е да се биде македонски студент на Харвард, дознајте во новата епизода на вестите за млади „Шорткат“

Лука Павиќевиќ од оваа академска година е бруцош на најпрестижниот универзитет во светот, Харвард. Студира Историја на Факултетот за науки и уметности, а веќе е ангажиран и како истражувачки асистент по предметот Политика на американското образование. За тоа како е да се биде македонски студент на Харвард, дознајте во новата епизода на „Шорткат“.

Во оваа епизода информираме за протестниот маратон на ФИНКИ што се одржа во вторникот, како и за објавениот конкурс за уписи во средно.

Ја носиме информацијата и за винил компилацијата „Поп култура“.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва на нашите социјални мрежи со почеток во 19:00 часот.