Шорткат: Употребата на вештачката интелигенција во медиумската сфера

Новата епизода на Шорткат ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот

Колку вештачката интелигенција може да придонесе да се зголеми ширењето на дезинформации во јавноста, е главното прашање на кое го бараме одговорот во новата епизода на Шорткат.

На тема вештачка интелигенција носиме вест и за историскиот договор за нејзино правно регулирање во ЕУ, како и за конференцијата „е-Општество.мк“ што Фондацијата Метаморфозис ќе ја организира следната недела на тема „Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност“.

Во најновите вести за млади зборуваме за лошите резултати на македонските студенти на ПИСА тестирањето, како и за најавените ваучери за домашен туризам за студентите.

„Шорткат“ доаѓа вечерва во 19:00 часот.