Шорткат: Зошто да учам кога имам AI?

Вестите за млади ќе бидат објавени вечерва во 19 часот на нашите канали на Инстаграм, ТикТок, Фејсбук и Јутјуб

Во рамките на 19-тата Меѓународна конференција е-Општество.мк, во Тетово се одржа настанот „Cyber Shake“, на кој младите дебатираа на темата „Зошто да учам кога има вештачка интелигенција?“. Главните поенти што беа истакнати од говорниците ги пренесуваме во новата епизода на „Шорткат“.

Информираме и за интересните резултати од истражувањето „Младински аспирации за кариера и вештини“, а носиме вест и за обуката за млади новинари што ја спроведе Фондацијата Метаморфозис.

Ќе погледнеме и како наставничка од Неготино го отвори својот дом за учениците да го запознаат нејзиниот син со попреченост.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19 часот.