Вештачката интелигенција во медиумите во фокус на новата епзиода на „Шорткат“

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот

Како новинарите и фоторепортерите можат да ја користат вештачката интелигенција во своја полза? Кои се придобивките, а кои можните штетни последици од употребата на ВИ во медиумите? Одговорите на овие прашања ги дознаваме во најновата епизода на „Шорткат“, каде ги пренесуваме главните заклучоци од вебинарот „Вештачката интелигенција во медиумите – про и контра“.

Ги пренесуваме најновите податоци за невработеноста кај младите во земјава, а информираме и за истражувањето на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје за употребата на наркотици меѓу младата популација.

Ве потсетуваме да се пријавите на работилницата за Проверка на факти и други алатки во борбата против дезинформациите.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот на сите наши канали на социјалните мрежи.