Законот за прогласување на кањонот Матка за споменик на природата, веќе една година стои неразгледан во фиоките во Собранието, а на само два месеци пред изборите, пратениците најавуваат дека ќе го стават на разгледување во Собраниската матична комисија за екологија. Ова е централна тема во новата епизода на „Шорткат“.
Информираме за одржувањето на првиот Национален студентски форум, за новите температурни рекорди и за проблемот со кои се соочуваат младите лекари што не можат да почнат со пракса во здравствените институции.
Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот.