Шорткат: Услугите на УКИМ ќе се плаќаат онлајн

Вестите за млади ќе бидат објавени вечерва во 19 часот

Професори и асистенти на УКИМ направија систем со кој им се овозможува на студентите услугите на факултетите да ги плаќаат онлајн. Ќе станат ли уплатниците и редиците во банка минато за студентите, дознајте во новата епизода на „Шорткат“.

Во вестите за млади информираме и за предложените измени на Законот за средно образование, невработените магистри и доктори, како и за носењето на новата Стратегија за ментално здравје на младите.

„Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19 часот на нашите канали на Инстаграм, ТикТок, Јутјуб и Фејсбук.