Дипфејк технологијата главна тема вечерва во „Шорткат“

Новата епизода на „Шорткат“ доаѓа вечерва во 19:00 часот на сите наши канали на социјалите мрежи

Дипфејк или реалност – ова беше темата на Сајбер шејк дискусијата за млади што вчера се одржа во „Котур“ во Скопје. За тоа што беше кажано за оваа технологија од страна на говорниците – експерти во своите полиња и за другите интересни активности кои беа дел од настанот, дознајте повеќе во вечерашната епизода на Шорткат.

Информираме и за чистењето на токсичниот линдан во ОХИС кое паузира веќе шест месеци, а од вестите од светот пренесуваме за тоа како помина доделувањето на наградите БАФТА.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот.