Пожари и поплави се најголемиот дел од природните непогоди кои се случиле во С. Македонија во изминативе неколку години, покажува Анализата на екстремни временски настани која ја изработи Центарот на климатски промени. Само на овие две непогоди отпаѓаат над 90 проценти од природните катастрофи што се случиле во земјата. Повеќе за анализата дознајте во новата епизода на „Шорткат“.
Информираме за новиот повик за обуки за млади новинари, како и за новите студенти-стипендисти на Министерството за одбрана. Носиме новости и од светот на играните серии и добитниците на наградите Еми.
Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19 часот на нашите канали на Инстаграм, ТикТок, Јутјуб и Фејсбук.