недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: серии | 21 резултати

Холивудските сценаристи во штрајк, продукцијата на филмови и серии може да прекине

мај 2, 2023

Филмските и телевизиските сценаристи во Холивуд стапуваат во штрајк, запирајќи бројни продукциски проекти и задавајќи ѝ удар на индустријата што последниве години беше погодена од пандемијата и огромните технолошки промени, пишува Њујорк Тајмс. Синдикатите кои ги претставуваат сценаристите преку соопштение информираа дека „едногласно гласале за свикување штрајк“. Штрајкот ќе започне попладнево. Алијансата на филмски и […]

Доаѓа нова серија за „Хари Потер“, ќе се прикажува десет години

април 13, 2023

Продукцијата „Ворнер Брос Дискавери“ (Warner Bros. Discovery) соопшти дека работи на серијал за „Хари Потер“ за својата нова стриминг услуга наречена „Макс“. За развојот на серијата се шпекулираше до неодамна, а информацијата сега е и официјално потврдена од продукцијата, пишува „Врџ“. Во соопштението се вели дека тоа ќе биде „децениски-долга серија произведена со истиот епски […]

„ХБО“ и „Дискавери“ се спојуваат во една стриминг платформа наречена „Макс“

април 13, 2023

„Ворнер Брос. Дискавери“ (Warner Bros. Discovery) вчера објави дека ќе ги спои своите стриминг услуги „ХБО Макс“ (HBO Max) и „Дискавери Плус“ (Discovery Plus) во еден канал наречен „Макс“. Новата стриминг платформа ќе ги комбинира сите постоечки програми што во моментов се достапни на „ХБО Макс“ и „Дискавери Плус“, вклучувајќи ги и во моментов најпопуларните […]

Нетфликс ја намалува цената на претплатите во повеќе од 30 земји

февруари 24, 2023

Откако Нетфликс ја намали цената на претплатата во балканските земји, вклучително и во Северна Македонија, стриминг платформата соопшти дека ќе ги поевтини цените за претплатниците во повеќе од 30 држави. Би-би-си пишува дека во обид да привлече повеќе претплатници, цените сега се намалуваат и во други делови на Европа, Азија, Латинска Америка, Африка и на […]

Нетфликс ја намали претплатата за корисниците во Северна Македонија

февруари 15, 2023

Стриминг платфoрмата Нетфликс ја намалува цената на претплатата во балканските земји, вклучително и во Северна Македонија. Поевтинувањето на претплатата е многу редок чекор што го преземаат стриминг платформите, а засега нема најава дека месечните претплати ќе поевтинат и во други делови од Европа или светот. Известување за новите и пониски цени веќе добија претплатниците на […]

Во „Шорткат“ известуваме за новиот простор за студентите на Машински факултет – „Фабрика за учење“

февруари 2, 2023

„Фабрика за учење“ е новото место на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во кое студентите можат да креираат производи со користење на работна смарт машина, 2Д камера и робот. Во вечерашната епизода на „Шорткат“ ќе можете да дознаете нешто повеќе за иновативната технологија, која им овозможува на студентите од овој факултет да […]

Јутјуб започна со стриминг услуги

ноември 2, 2022

Стриминг услугите доаѓаат и на Јутјуб. Компанијата најави дека ја воведува новата функција наречена „Прајмтајм канали“ (Primetime Channels) која ќе донесе серии, филмови и шоуа од десетици сервиси директно на апликацијата на Јутјуб. Јутјуб потпишал договори со 35 партнери, меѓу кои се и големи имиња како „Парамаунт плус“, „НБА“ и „Епикс“, но и некои помали […]

Од ноември Нетфликс ќе понуди пониска претплата, но со реклами

октомври 14, 2022

Стриминг-платформата Нетфликс објави дека во ноември ќе ја лансира својата опција која поддржува реклами во обид да понуди поевтина претплата за да ги задржи корисниците, пренесе „Би-Би-Си“. Новата претплата ќе чини околу 7 долари во САД, а за почеток ќе биде достапна и во 12 други земји, меѓу кои и Велика Британија, Канада, Мексико и […]

„Нетфликс“ губи претплатници за првпат по десет години

април 20, 2022

За првпат по повеќе од една деценија, бројот на претплатници на „Нетфликс“ опадна, јавува „Би-би-си“, повикувајќи се на соопштение на стриминг платформата. „Нетфликс“ загубил 200.000 членови во првите три месеци од годинава, а падот на бројот на претплатници доаѓа откако платформата ги зголеми цените на клучните пазари како САД и Велика Британија и истовремено „Нетфликс“ […]

Стриминг платформата „Дизни+“ пристигнува и во Македонија

јануари 28, 2022

Стриминг платформата „Дизни+“ (Disney+) соопшти дека летово се проширува во уште 42 земји и 11 територии во Европа, Азија и Африка. Помеѓу новите земји каде платформата ќе ги понуди своите услуги е и Македонија. „Дизни“ не ги прецизираше точните датуми кога услугата ќе биде достапна во најавените земји, ниту пак сподели информации за регионалните цени […]

Од Титови пионери до топлес-девојки: Како југословенските ТВ-серии за деца го прикажуваа летото?

јули 14, 2021

Темата на летото како период во кој децата откриваат нови работи, растат низ авантури и се развиваат во адолесценти беше често обработувана во југословенската кинематографија и ТВ-продуција. Покрај детски филмови како „Милиони на островот“ (Milioni na otoku, 1954) или условно кажано тинејџерскиот „Лажливо лето ’68“ (Варљиво лето ’68, 1984), летните авантури беа тема на низа […]

По 37 години жена освои Златен глобус, а постхумна награда доби Чедвик Боузман

март 1, 2021

На овогодинешното доделување награди на Златен глобус, наградата за најдобра драма му припадна на филмот „Nomadland“, а триесет и осум годишната режисерка на филмот, Клое Жао беше прогласена за најдобра режисерка. Жао која е родена во Кина, а сега живее во САД е втора жена победничка во оваа категорија во историјата на Златните глобуси, по […]

Нетфликс планира да сними серија според франшизата за игри „Elder Scrolls“

декември 28, 2020

Со нејзиното објавување на стриминг платформата „Нетфликс“ во декември минатата година, серијата „The Witcher“ за брзо време стана хит и постигна огромен успех. Истата беше создадена врз основа на истоимената игра на полското студио „CD Project RED“ и во моментот се очекува втората сезона која треба да биде објавена догодина. Изминатава недела, извори од „Нетфликс“ […]

Нетфликс нуди бесплатен преглед на серии и филмови

септември 1, 2020

Една од најпопуларните платформи за стриминг на филмови и серии Нетфликс нуди бесплатен преглед на неколку филмови и неколку епизоди на серии. Сите кои што немаат претплата на оваа платформа сега се пречекани со пораката: „Погледнете некои од нашите омилени шоуа и филмови бесплатно.“ Дел од филмовите коишто се понудени се Murder Mystery, популарниот трилер […]

Анкета: 47% од младите не прочитале ниту една книга во карантинот, 54% гледаат серии секој ден (инфографик)

мај 21, 2020

Епидемијата на болеста Ковид-19 што ја предизвикува новиот корона вирус до сега во земјава официјално опфати околу 2.000 лица и предизвика над 100 смртни случаи. На светско ниво, од оваа болест до сега заболеа повеќе од 5 милиони луѓе, а починаа над 300.000. Таквата ситуација и мерките кои властите ги преземаа за спречување на понатамошното […]

Безвременски серии на Нетфликс кои редно време е да ги гледате во карантин

мај 2, 2020

Има серии кои биле или се популарни, а никогаш не сме се натерале да почнеме да ги гледаме. Карантинот е одлично време да изгледате некоја од овие серии. Во продолжение погледнете листа на серии што можете да ги најдете на Нетфликс а редно време е да ги погледнете. 1. Orange Is The New Black Додека […]

Изолацијата му донесе близу 16 милиони нови претплатници на Netflix

април 22, 2020

Карантинот и рестриктивните мерки кои се воведоа со цел спречување на корона вирусот, ги принудија луѓето низ целиот свет да останат дома. Со тоа, корона кризата му помогна на американскиот сервис за видеостриминг „Netflix“ да ги зголеми своите приходи. Во првиот квартал од годинава евидентирани се нови 15,8 милиони претплатници, со што се остварени приходи […]

Страна 1 од 1