Шорткат: Возможна ли е кај нас енергетска транзиција?

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19 часот

Замена на јагленот со чиста енергија, особено од сонцето кое го имаме во изобилие, е една од главните заложби кон кои цели земјава на полето на енергетиката. Во новата епизода на „Шорткат“ ќе зборуваме за транзицијата на секторот кој се смета за еден од најголемите загадувачи на воздухот и емитер на стакленички гасови.

Информираме за измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, а ја најавуваме и Сајбер Шејк дискусијата за млади „Дипфејк или реалност“.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот на сите наши канали на социјалните мрежи.