четврток, 23 април, 2026
Meta.mk

Ознака: млади таленти | 73 резултати

Повик до младите да учествуваат на хакатонот Green Solutions

август 29, 2023

Средношколци, студенти и основачи/вработени во стартапи имаат можност до 1 септември да се пријават на отворениот повик за млади за учество на хакатонот Green Solutions, кој ќе се одржи на 15 и 16 септември 2023 години во Тетово. Хакатонот е организиран од SEEUTechPark и Институт Либерална Алтернатива (LAI) со поддршка на Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit […]

„МакеДокс“ во потрага по млади за учество во петтата генерација на „Доникулци“

јуни 5, 2023

Сите млади на возраст од 14 до 18 години имаат рок до 15 јуни да се пријават за учество во петтата генерација на „Доникулци“, односно да бидат дел од годинешната работилница за креативен документарен филм што ја организира фестивалот за документарен филм „МакеДокс“. „Бараме млади луѓе, храбри да се изразат креативно и слободно и спремни […]

Ангела Петрушевска е најдобриот млад автор на стрип натпреварот во Ваљево

јуни 2, 2023

Ангела Петрушевска, ученичка во средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ од Скопје го освои првото место во категоријата најдобри стрип автори до 16 години на 6-тиот Ваљевски стрип фестивал што се одржува во Србија, информираат од Стрип центарот на Македонија. Стрип фестивалот денеска ќе се отвори во српскиот град Ваљево, а организатор на истиот е Арт […]

Средношколци добија капитал за да спроведат решенија за заштита на животната средина

мај 5, 2023

Во рамките на програмата Апшифт (UPSHIFT), шест групи ученици од средните училишта добија по 120.000 денари за да ги остварат своите дигитални решенија за подобрување и заштита на водата, воздухот, почвата и енергетските ресурси во заедницата и справување со последиците од климатските промени, информираат од УНИЦЕФ. Младите иноватори беа избрани на тридневна работилница во рамките […]

Јавен повик на списанието „Современост“ за нови литературни дела

април 26, 2023

Списанието литература, култура и уметност „Современост“ упати јавен повик за литературни дела од секаков вид. Не е важно ако не сте афирмирани автори, особено се цени ако сте млади писатели, писателки, поети или поетеси во подем. Ова е ваша шанса вашите литературни дела што се чуваат како фајлови или напишани во специјални тетратки да излезат […]

Средношколци од Скопје ќе ги претстават своите таленти на првото издание на „СРЕДНОЛЕНД“

април 24, 2023

Годинава за првпат ќе се одржи средношколскиот настан „СРЕДНОЛЕНД“ на кој талентираните ученици пред граѓаните на Скопје ќе се промовираат себеси, но и нивните училишта. Настанот, кој е во организација на Универзална сала, а е инициран од професори и ученици од неколку скопски средни училишта, ќе се одржи од 2 до 6 мај на неколку […]

Кирил и Кристијан од Ресен се национални победници на Европскиот квиз на пари 2023

март 24, 2023

Во организација на Македонската банкарска асоцијација, а во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, денеска се одржа финалето на националниот натпревар Европски квиз на пари 2023. Во првиот круг биле избрани најдобрите три тима во земјата, од вкупно пријавените 391 од 76 основни и средни училишта. На македонски јазик се натпреварувале […]

ИНОВАЦИЈА: Млади направија апликација за пребарување на најблиската аптека со најевтин лек

март 17, 2023

Симеон Маркоски, Ева Аговска и Михаил Мојсоски од старт-ап организацијата „Startier“ се тројцата млади таленти кои ја изработија апликацијата „Најди Аптека“, преку која граѓаните можат едноставно и брзо да дојдат до информација за цената на лековите и медицинските производи во аптеките, како и за најблиската аптека до нив. Мета.мк разговараше со двајца од тричлениот тим […]

Програмата за развој на млади уметници на ЕИБ отворена за талентите од земјава

февруари 3, 2023

Институтот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) секоја година организира резиденција за млади европски уметници наречена Програма за развој на уметници (ПРУ), како уникатна програма за развивање на талентот на европски уметници помлади од 35 години. Евроамбасадорот Дејвид Гир, претставникот на ЕИБ во земјава Бјорн Габриел и шефот на одделот за уметност и култура во Институтот […]

2022 година за младите од земјава: Невработеност, миграција, нарушено ментално здравје и заборавени од институциите

јануари 14, 2023

Младите во Северна Македонија и во текот на 2022 година се соочија со низа проблеми кои директно се одразуваат на нивниот живот. Тие во вокабуларот на политичарите се врвен приоритет, но во пракса властите не прават доволно за нивната иднина. Во продолжение Порталб.мк ви нуди еден преглед на тоа што ја одбележа 2022 година во однос […]

Врвните успеси на десет ученици и студенти им ја донесоа наградата „Феникс“ на Општина Центар

декември 2, 2022

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски денеска ја додели годишната награда на Општина Центар, „Феникс“ за 2022 година. Годинава признание добија десет ученици и студенти што се истакнале во различни спортски дисциплини, во стопанството, уметноста, образованието, како и во други области на трудот и творештвото и покажале исклучителни резултати на натпреварите, информираат општинските власти. „Добивањето […]

Натпреварот за млади Owlypia на 3 и 4 декември ќе се одржи во „Јахја Кемал“

ноември 29, 2022

Меѓународниот натпревар за млади Owlypia – The Intellectuals Challenge 2022 ќе се одржи на 3 и 4 декември во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје, информираат од ова приватно училиште. Станува збор за натпревар на кој учествуваат ученици во три категории поделени според возраста, и тоа: од 9 до 11 години, од 12 до 14 години […]

Средношколци креираа иновативни решенија за намалување на загадувањето на воздухот

ноември 4, 2022

Учениците од средните училишта се способни и спремни да бидат носители на промени во општеството преку своите иновативни решенија за различни општествени проблеми и предизвици, беше заклучокот од Bootcamp-от на UPSHIFT програмата. Во рамките на програмата, од 2 до 4 ноември во Струга се одржа тридневен настан-UPSHIFT Bootcamp за развој и поддршка на социјални иновации […]

Младите со идеи за социјални и зелени бизниси да се пријават на повикот на здружението АРНО

октомври 18, 2022

Проектот Рајс (RISE) официјално го отвори третиот повик за поддршка на млади претприемачи од регионот на Западен Балкан за развој на идеи за социјални претпријатија. Рајс програмата нуди едукативна и финансиска поддршка која им помага на младите да ги трансформираат идеите во бизниси кои им помагаат на заедниците и ја заштитуваат животната средина. Здружението за […]

И по пласманот на светскиот „Турнир на шампиони“ не добивме поддршка од властите, велат ученици од Скопје

октомври 10, 2022

Учеството на светскиот „Турнир на шампиони“ што секоја година се одржува при Универзитетот „Јеил“ во САД е прилика што ја уживаат ученици ширум светот коишто посветено работат на повеќе научни области, дебатираат и се подготвуваат за колаборативно пишување и заедничко излагање со точно дефинирани тези. Соња, Теа и Гала од Општинското основно училиште „Братство“ – […]

Украински тинејџер прогласен за „глобален студент на годината“ поради иновација за откривање на мини

септември 29, 2022

Развој на беспилотно летало што открива поставени нагазни мини е иновацијата поради која 17-годишниот украински тинејџер Игор Клименко ја доби наградата од 100.000 долари и се стекна со титулата „глобален студент на годинава“, пренесува весникот „Ивнинг стандард“. Младиот талент од Украина успеа да победи во конкуренција меѓу повеќе од 7.000 студенти од целиот свет, а […]

Ланските победници на NASA Space Apps Challenge од земјава беа во посета на НАСА

септември 1, 2022

Минатогодишните победници на NASA Space Apps Challenge од Македонија се во посета на Вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА (NASA Kennedy Space Center) во САД. Дипломците по мехатроника на Машинскиот факултет во Скопје,- Тијана Костовска и Климент Младеноски од Охрид, го предводеа минатогодишниот победнички тим од Македонија TeamySeed и веќе една седмица се во центарот на […]

Продолжен рокот на Конкурсот за изработка на постер инспириран од хероите на италијанскиот стрип

август 6, 2022

Рокот за доставување на изработените постери инспирирани од хероите на италијанскиот стрип е продолжен до 5 септември, информираат од Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје. Тие заедно со Амбасадата на Италија во Скопје и Филмскиот Фестивал за млади „Џифони Македонија“ објавија конкурс за изработка на постер во пресрет на Comics Day / Денот на италијанскиот стрип, […]

Наши математичари освоија четири медали и постигнаа најдобар успех во последната деценија

јули 4, 2022

Четири медали освои тимот ученици од С. Македонија на Јуниорската балканска математичка олимпијада. Ученикот Дамјан Давков освои златен медал, Леонид Тодороски – сребрен медал, а учениците Димитар Фидановски и Марко Митевски, освоија бронзени медали. На олимпијадата успешно учествуваа и учениците Марко Серафимовски и Нина Ламева. Претседателот на Сојузот на математичари, проф. д-р Ѓорѓи Марковски, за […]

Објавен конкурсот за изработка на постер инспириран од хероите на италијанскиот стрип

јуни 22, 2022

Во пресрет на Comics Day / Денот на италијанскиот стрип, што ќе се одржи во октомври 2022 година, Амбасадата на Италија во Скопје во соработка со Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје и Филмскиот Фестивал за млади „Џифони Македонија“ објавува конкурс за изработка на постер инспириран од хероите на италијанскиот стрип. „Иницијативата има за цел да […]

Страна 1 од 4