Ангела Петрушевска е најдобриот млад автор на стрип натпреварот во Ваљево

Стрип фестивалот денеска ќе се отвори во српскиот град Ваљево, а организатор на истиот е Арт групата АКТ, во соработка со Центарот за култура од овој град како и Центарот за уметност на стрипот од Белград

Извор: Стрип центар на Македонија

Ангела Петрушевска, ученичка во средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ од Скопје го освои првото место во категоријата најдобри стрип автори до 16 години на 6-тиот Ваљевски стрип фестивал што се одржува во Србија, информираат од Стрип центарот на Македонија.

Стрип фестивалот денеска ќе се отвори во српскиот град Ваљево, а организатор на истиот е Арт групата АКТ, во соработка со Центарот за култура од овој град како и Центарот за уметност на стрипот од Белград.

На овој фестивал, меѓу другите содржини, ќе се доделат наградите од стрип конкурсот објавен уште есента 2022 година и се организира изложба од делата по истиот конкурс.

Веќе традиционално, специјална награда за педагошка работа и годинава ќе добие Стрип центар на Македонија со седиште во Велес.

Специјално признание на фестивалот доби и наменскиот проект „ЗА НАШИТЕ СОСЕДИ И ПРИЈАТЕЛИ“ (Роми з.а ), имплементиран од Македонскиот стрип центар од Велес и Институт за Истражување и Анализа на Политики – Ромалитико од Скопје.

„Околу фестивалот во Ваљево можам да кажам дека спаѓа во редот на бројни вакви настани во соседна Србија и е од оној тип кој овозможува блиска комуникација помегу присутните учесници. За младата Ангела Петрушевска, на крај, можам само да кажам дека со својот ентузијазам и трудољубивост граби со цврсти чекори напред. Таа се повеќе прераснува во вистински амбасадор на македонскиот стрип центар а наскоро тоа ќе го потврди со свое учество на конкретен настан надвор од државата“, вели Томе Трајков, програмски координатор во Стрип центарот од Велес.