(ИНТЕРВЈУ) 12-годишниот Диар Ајдини: Во иднина ќе изградам и генератор за струја

Младиот иноватор Диар Ајдини во интервју за Порталб.мк раскажува како почнал да се занимава со вакви проекти, за пречките на кои наидува и за тоа што ќе прави тој во иднина

Фото: Порталб.мк

Диар Ајдини е ученик во „Digital School“ и тој веќе една година со охрабрување од својот инструктор изработува различни иновации кои тој ги создава дома со електронски делови и дрвени материјали, како вентилатор за лаптоп и за телефон, светлосен аларм, слушалки, роботска рака итн., пишува Порталб.мк.

Диар е 12-годишно момче кое живее во Чаир, Скопје. Неговата способност за создавање иновации прв ја открил неговиот дедо, кој му донел автомобили за да може да ги расклопува и повторно да ги склопува, а потоа заедно направиле рака од дрвени материјали која се движела со помош на електронски делови и која тој ја однел во  „Digital School“. Оттогаш, неговиот инструктор Бујар Хамити го охрабрува и му помага за што поинтензивно да се занимава со овие активности.

Диар во интервју за Порталб.мк раскажува како почнал да се занимава со вакви проекти, за пречките на кои наидува и за тоа што ќе прави тој во иднина:

Порталб: Кога почна да креираш вакви дела?

Диар: Кога бев мал мене ме учеше дедо ми кој е наставник по физика… Моите родители ми купуваа електрични автомобили, а јас ги расклопував и одново ги склопував истите.

Порталб: Што правиш кога нешто не функционира?

Диар Ајдини: Кога нешто не ми функционира, застанувам и анализирам што недостига. Имам прекинато цел проект и сум анализирал сè по ред, кој кабел оди овде или таму.

Порталб: Што сакаш да создаваш во иднина?

Диар Ајдини: Имам намера да создадам апарат за производство на електрична струја.

Фото: Порталб.мк

Порталб: Што би им порачал на другите деца кои сакаат да бидат како ти?

Диар Ајдини: Да научат за електричната енергија, тоа е како плус и минус. Потоа, како да ги поврзат каблите. И…толку. Многу лесно!

 

За историјата на Диар и неговото интересно хоби зборуваше и неговиот инструктор Бујар Хамити:

Порталб: Како се запознавте со Диар? Дали од почеток ја препознавте неговата способност?

Бујар Хамити: Со Диар се сретнавме во февруари 2023 година и од самиот почеток нешто ме привлече кај Диар како дете. Ми се виде како малку по посебен, поради тоа што уште од првите часови во „Digital School“ почна да носи многу интересни дела што ги научил и ги видел од неговиот дедо. Но, тогаш видов дека Диар има талент за моториката и слично.

Порталб: Какви дела донел Диар во овој период?

Бујар Хамити: Диар на почеток донесе еден мини робот, кого со помош на дрвени стапчиња и со помош на мотор го ставаше во движење. И токму на нас овде како „Digital School“, што се занимаваме со програмирање, ни се роди идеата и еден ден му реков на Диар: „направи еден друг проект и донеси го“. И така Диар постојано, час по час, секоја недела, на секои две недели носеше нешто ново. Можам да ги спомнам слушалките што ги донесе пред месец и пол, тој ги модифицирал слушалките и навистина имаше звук во слушалките. Потоа, по нив го донесе и вентилаторот за лаптоп, од кој беа вчудоневидени сите деца од класот.

За дигиталното училиште во кое учи Диар зборуваше нејзиниот основач, Газменд Амити.

Бујар Хамити: Во моментов сме во просторите на „Digital School“ овде во Скопје кое е главното училиште. Ние имаме училишта и во четири други градови во Македонија.  Значи се наоѓаме во Дебар, во Гостивар, Тетово и од септември сме присутни и во Куманово. Дигиталното училиште е присутно и на 500 други места во светот, почнувајќи од овде, на Балканот, па сè до Мексико. Курсевите се поделени според возраста, во модули од 8 до 12 години – Основно програмирање, напредно програмирање: од 12 до 15 години, а стручно од 16 до 18 години.

Целото интервју со Диар и инструкторот Бујар Хамити можете да го проследите во продолжение.

Новинар: Арбнора Мифтари, Порталб.мк