понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: иновации | 51 резултати

ФИТР објави повик за поддршка на иницијативи на млади истражувачи и иноватори

март 6, 2025

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) објави повик насловен како „Натпревар за успешни иницијативи од Западен Балкан“, на кој вкупно 18.000 евра ќе се доделат како признание на шест иницијативи кои ги поттикнуваат младите да истражуваат и создаваат иновации. „Наградите ФИТР ги организира во рамките на европскиот проект POLICY ANSWERS, во кој Фондот ја […]

АРНО го одбележа Светскиот ден на социјалното претприемништво

ноември 21, 2024

АРНО, водечката организација за поддршка на социјалното претприемништво во регионот, го одбележа Светскиот ден на социјалното претприемништво и петгодишнината на успешната програма RISE (Regional Incubator for Social Entrepreneurs), со свечен настан во Центарот за социјални претпријатија во Скопје. На настанот учествуваа млади социјални претприемачи, дипломати, национални поддржувачи и регионални партнери. „Програмата RISE, заедно со своите […]

Матуранти од „Михајло Пупин“ измислија уред со ЛЕД светла за чистење заби при долги патувања

јули 7, 2024

„Иноклин“ (Innoclean) e името на уредот кој го создале матуранти во училиштето „Михајло Пупин“, а чии „сини” UVB-LED светла, го спречуваат брзиот развој на бактерии во устата и забите, во време кога луѓето се на подолг пат и немаат услови за редовно одржување на оралната хигиена. Фидан Маџоски, Марија Јованова, Зорица Геровска, Стефан Јанковски и […]

Прогласени победниците на натпреварот Зелени идеи 2024

јуни 1, 2024

Организацијата за социјални иновации „АРНО“ ги прогласи победниците од десеттото издание на натпреварот „Зелени идеи“ кои продолжуваат со натпреварување на регионално ниво во септември во Сараево, БиХ. Жири комисијата на натпреварот, во категоријата зелени идеи ги избра идеите „Урбана фарма во контејнер за производство на микрозелени со аеропонски систем на одгледување“ на Снежана Јаќовска, Интеллигент […]

(ИНТЕРВЈУ) 12-годишниот Диар Ајдини: Во иднина ќе изградам и генератор за струја

јануари 12, 2024

Диар Ајдини е ученик во „Digital School“ и тој веќе една година со охрабрување од својот инструктор изработува различни иновации кои тој ги создава дома со електронски делови и дрвени материјали, како вентилатор за лаптоп и за телефон, светлосен аларм, слушалки, роботска рака итн., пишува Порталб.мк. Диар е 12-годишно момче кое живее во Чаир, Скопје. […]

Германија со кампања: запознајте се со новата колешка – вештачката интелигенција

септември 13, 2023

Што сè вештачката интелигенција може да направи и зошто не треба да се плашиме од неа? Германската влада со проект од 4,1 милиони евра сака да ја приближи вештачката интелигенција до вработените, работодавачите, малите и средните претпријатија, пишува германската новинска агенција ДПА.  Министерот за труд Хубертус Хајл вчера во Минхен го отвори студиото за вештачка […]

ФИТР: Млади истражувачи од основни и од средни училишта ќе релизираат зелени проекти

јуни 27, 2023

Шеснаесет основни и средни училишта од земјава ќе реализираат зелени проекти за зачувување и унапредување на животната средина и биодиверзитетот. Проектите се наградени во рамките на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи #5 – зелени проекти“, кој го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Како што информираа од ФИТР, од вкупно 57 пристигнати […]

АРНО ги награди зелените идеи, една од нив е протеинска храна од леблебија и инсекти

јуни 21, 2023

Здружението за социјални иновации „АРНО“ неодамна ги прогласи победниците од годинешниот натпревар „Зелени идеи“. Членовите на жири комисијата на натпреварот, во категоријата зелени идеи ги избра идеите „Дизајн на ташни со техника на плетење без создавање на отпад. Изработени од самохрани мајки“ на Натали Ристовска-ЈОВАНКА МАИСОН ДООЕЛ Скопје и „Дизајнерски шапки“ на Мирјана Јосифоска од […]

По 20. пат доделен Инженерски прстен на најдобрите дипломирани инженери

јуни 6, 2023

По дваесетти пат, вчеравечер најдобрите дипломирани инженери се здобија со престижното признание Инженерски прстен. Во организација на Инженерската Институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, Инженерски прстен добија уште 12 нови дипломирани студенти. Ова признание досега го добиле 214 најдобри студенти од инженерските […]

Македонски иноватори ќе изработуваат уникатни рамки за очила од кафе со фокус на заштита на животната средина

мај 19, 2023

Кафе! Секојдневна рутина на многумина е денот да го започнат со филџан кафе. Уште од 16-от век во Европа пиењето кафе е ритуал е пренесен на генерации и широко распространет на Балканскиот Полуостров. Денес, кафето не само што е еден од најупотребуваните зборови во светот, туку се рангира и како еден од најпопуларните пијалоци. Вкусот, […]

Во Битола остварена првата ласерска врска во земјава, пренесени музика и фотографија

март 23, 2023

Д-р Дејан Трајковски од Техничкиот факултет на битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“ со својот колега-радиоаматер, битолчанецот Николче Стојановски, во неделата вечерта во Битола ја оствариле првата ласерска врска реализирана во земјава. Притоа, од едниот на другиот уред се пренесени музика и фотографија од островот Голем Град во Преспанско Езеро, откри Трајковски на својот Фејсбук профил. […]

Полски научници развија батерија за телефон што се полни за осум минути и трае 68 години

јануари 5, 2023

Полски научници од компанијата The Batteries, кои бараат алтернатива на традиционалните литиум-јонски батерии кои доминираа на пазарот во последните 25 години, создадоа нов батерија за телефон која се полни од 0 до 100 проценти за само осум минути. Она што е уште поинтересно е што според нив, батеријата ќе трае 68 години, пренесе полскиот онлајн […]

Ланските победници на NASA Space Apps Challenge од земјава беа во посета на НАСА

септември 1, 2022

Минатогодишните победници на NASA Space Apps Challenge од Македонија се во посета на Вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА (NASA Kennedy Space Center) во САД. Дипломците по мехатроника на Машинскиот факултет во Скопје,- Тијана Костовска и Климент Младеноски од Охрид, го предводеа минатогодишниот победнички тим од Македонија TeamySeed и веќе една седмица се во центарот на […]

Иновација преточена во реалност: Во Германија сообраќаат патнички возови на водород

август 25, 2022

Иднината на еколошките патувања во Германија станува реалност со воведувањето на првата железничка линија, на која сообраќаат иновативни патнички возови на водород, пренесува Си-ен-ен. Новата технологија е преточена во возови со водородни ќелии, кои ја произведуваат енергијата за нивното придвижување. Четиринаесет водородни возови беа набавени по цена од 93 милиони евра од францускиот производител Алстом. […]

„АРНО“ ги прогласи победниците од натпреварот „Зелени идеи“

јуни 1, 2022

Здружението за социјални иновации „АРНО“ ги прогласи победниците од натпреварот „Зелени идеи“ 2022 кој се одржа во Центарот за социјални претпријатија во Скопје. Жири комисијата на натпреварот во категорија ембрионски идеи ги избра идеите „Пели“ на Јана Ангеловска и „Од загадувач до разубавувач“ на Гоце Стевановски, а во категорија зелени концепти победничка е идејата „Инсект […]

Во првиот Фаб Лаб на Технолошко-металуршкиот факултет младите иноватори ќе може да развиваат свои продукти

мај 24, 2022

Млади иноватори на возраст од 15 до 29 години ќе можат да развиваат и тестираат иновативни идеи до создавање продукт-прототип во првата лабораторијата за производство и прототипирање Ино Фаб Лаб, која беше отворена на Технолошко-металуршки факултет (ТМФ) во Скопје. Тие ќе работат под менторство на академски професори и стручни лица од реалниот сектор, а главната […]

Можност за развој и поддршка на зелени бизниси – отворен натпреварот „Зелени идеи 2022“

февруари 24, 2022

Здружението за социјални иновации „АРНО“ вчера преку хибриден настан официјално го отвори годишниот натпревар „Зелени идеи“, со којшто ги повикува сите заинтересирани граѓани да аплицираат со свои зелени бизнис идеи. Хибридниот настан се одржа со вклучување од просториите на „Ракатрак“ – едукативен центар за животни вештини и локален зелен бизнис, чија идеја беше една од […]

Топ листа на петте најкористени зборови во македонскиот јазик за 2021 година

декември 17, 2021

Оваа година се реализираше првата анализа која се однесува на македонскиот јазик за истражување за „Збор на годината“ која ја направи Балканскиот институт за култура и хуманистички науки од Скопје по примерот на многу други јазици. Анализата се засновува на материјал од комуникацијата на македонски јазик. При истражувањето на податоците се користени сите можни средства […]

Берлин воведе билети за јавен превоз со масло од коноп што се јадат

декември 17, 2021

За да го покрене расположението меѓу жителите во пресрет на Божиќните и Новогодишните празници, властите од Берлин издадоа посебни билети за јавен превоз што содржат масло од коноп. Откако ќе се искористи билетот во машините за валидација, тој може да се изеде. Берлинските власти велат дека ваквиот потег може да има смирувачки ефект кај корисниците […]

Роботи ќе ги заменат земјоделците во работата на нива, во Калифорнија почнаа тестирањата

септември 27, 2021

Дали роботите со вештачка интелигенција би можеле во иднина да ги заменат земјоделците во нивната работа на нива? Ова прашање се поставува откако стартап-от Iron Ox од Силиконската долина во Калифорнија се пофали дека разработува технологија, со која земјоделскиот сектор на глобално ниво би станал климатски неутрален, пишува Јаху. Тие веќе обезбедиле инвестиции од 47 […]

Страна 1 од 3