Со вселенското летало „Crew Dragon“ на „SpaceX“ во сопственост на Илон Маск, четворица туристи минаа три дена во орбитата околу Земјината топка. Првата успешна мисија изведена без присуство на професионални астронаути во историјата заврши со безбедно враќање на туристите во близина на брегот на Флорида, јавува Си-ен-ен.
Crew of @Inspiration4x – first all-civilian human spaceflight to orbit – returns to Earth pic.twitter.com/pnjkDjnkAw
— SpaceX (@SpaceX) September 18, 2021
Летот на оваа ракета беше изнајмен од американскиот милијардер Џаред Исакман. Капсулата успеа да се издигне 585 километри над земјата, надминувајќи ја Меѓународната вселенска станица за 160 километри, што им овозможи на патниците да имаат спектакуларен поглед на Земјината топка.
По враќањето назад, четворицата патници од мисијата „Inspiration4“ беа пречекани дома од тимот на „SpaceX“, со чија што ракета е планирано и во иднина да се организираат мисии на човечки вселенски летови.
Вселенското летало „Crew Dragon” на „Спејс –икс“ успеа да лета во вселената многу подалеку и многу подолго од конкурентските летала на „Virgin Galactic“ на милијардерот Ричард Брансон и „Blue Origin“ на Џеф Безос.