fbpx
Таг: млади таленти

таг: млади таленти

„Гардијан“ го вброи младиот Дашмир Елези меѓу 60-те најталентирани фудбалери во светот

Угледниот британски весник „Гардијан“ го прогласи младиот фудбалер Дашмир Елези за еден од 60-те најталентирани фудбалери во светот за годинава, меѓу играчите од овој спорт кои се родени во 2004 година. Тој игра на позицијата напаѓач во фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово, а воедно е и член на македонската фудбалска репрезентација до 19 години. Елези, кој идниот месец ќе наполни...

„Проблем“ е називот на новиот сингл на пејачот Пајак

На 3-ти октомври младиот пејач со сценско име Пајак го претстави својот нов сингл. Насловот на песната е „Проблем“, а стилски е најблиску до поп-балада. Синглот „Проблем“ го издаде издавачката куќа Urban Records со која Христијан Настески соработува повеќе од една година. Промоцијата на помладите автори обично се случува на платформите за преслушување и преземање музика, па така е...

Млади македонски бендови викендов настапија на третото издание на Андерфест

Оваа година по трет пат се одржа музичкиот фестивал Андерфест во Скопје. Како и минатите успешни изданија, така и овој пат фестивалот покажа дека во нашата држава има квалитетна македонска музика. На настанот настапија неколку македонски бендови предводени од млади музичари, а фестивалот се одржа според протоколите и тоа со 30 отсто присутност на публика и задолжителен сертификат за...

Македонските таеквондисти Филип и Анамарија со медали се вратија од Президент купот во Истанбул

По освоениот сребрен медал на Летните олимписки игри во Токио од Дејан Георгиевски, македонското таеквондо продолжува да ниже успеси на меѓународната спортска сцена. Таеквондистот Филип Додевски освои сребрен медал во категоријата - 87 килограми на Президент купот во Истанбул. На овој важен спортски настан таеквондистката Анамарија Георгиевска се стекна со бронзен медал во категоријата - 67 килограми. Од Македонската Таеквондо...

Девојка од Австралија со свиркање гради музичка кариера во Холивуд

Моли Луис е несекојдневна девојка со кариера во подем. Родена е во Австралија и како тинејџерка својот интерес за музика го преточила во учество на натпревари по свиркање. Денес на 31 година е призната професионална уметница, чие шоу со свиркање „Кафе Моли“ е дел од ноќниот живот во Лос Анѓелес. Дел од нејзиниот успех се должи и на објавувањеto на...

Филмот „Сестра“ на Дина Дума добитник на награда на престижниот фестивал во Карлови Вари

„Сестра“ - дебитанскиот долгометражен филм на младата режисерка Дина Дума, во продукција на Лист продукција ја освои престижната Специјална награда од жирито во програмата „Источно од Западот“ (East of the West) на 55. издание на престижниот филмски фестивал во Карлови Вари. Станува збор за еден од најстарите и најпознати филмски фестивали во Европа, заедно со фестивалите во Кан, Берлин,...

Младите можат да го најдат патот до сопствен бизнис ако имаат идеја, цел и мотивација

Има шанси во државава за секој млад човек кој својата иднина ја гледа тука, наместо  надвор. Само треба да се биде упорен и да се употребат, како сопствените, така и  можностите и поддршката од институциите кои нудат разни програми со цел да се зголеми вработеноста кај младите луѓе, како и да им се помогне со отпочнување на свој бизнис.  Вака проценува Настасија Штерјова (27г.) која заедно со својата сестра, Михаела (24) пред неколку месеци стартуваа со свој бизнис, отворајќи приватна детска градинка „Малиот...

Студенти од цела држава на платена пракса во Технолошко-индустриски развојни зони

Седум студенти и дипломци од целата држава започнуваат со три месечна неделна платена пракса во Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ). Ова е нов концепт на пракса кој се воведува во Дирекцијата со цел на млади луѓе, покрај факултетското образование да им се даде можност да се стекнат со практично искуство и вештини. „Воведуваме нова менторска програма преку која сакаме...

Јапонката Момиџи Нишија на 13 години освои златен олимписки медал во скејтбординг

13-годишната Момиџи Нишија им донесе огромна радост на Јапонците на Летните олимписки игри (ЛОИ) што се одржуваат во Токио. Нишија испиша историја со освојувањето на златен олимписки медал во новата олимписка дисциплина, скејтбординг, јавува Гардијан. Со своите 13 години и 330 дена, таа стана втората најмлада спортистка во историјата на Олимписките игри која добила шампионска титула. Нишија освои 15,26...

„Доза среќа“ со златен медал и специјална награда на Светскиот натпревар за наука, животна средина и инжерество

Македонскиот тим од Здружението Дневен центар „Доза среќа“ на Светскиот натпревар за наука, животна средина и инженерство (WSEEC) на крајот од јуни освоија златна медала и специјална награда за нивниот проект „Influence of active components of solutions of herbal plants from certain ecological sites and their application in the treatment of certain infectious diseases“, којшто добри одлични оценки од...

Млади кои корона кризата ја искористија за успешни бизнис приказни

Во корона кризата, дел од младите видоа можност да покренат свои бизниси или пак да ги прилагодат веќе започнатите според новото нормално, кое го наметнаа рестриктивните мерки за заштита од вирусот. Приказните кои за „Мета.мк“ ги раскажаа претприемачите од Битола Теона Манго, Горан Бакревски и Дарко Милевски, се пример дека, има и такви млади кои креативно и позитивно се справија...

Конкурс за поезија од млади автори, творбите да се испратат до 5 август

Здружението за култура и заеднички вредности „КРИК 094 “ – Гостивар го објави конкурсот за млади поети, во рамки на проектот „Млади поетски пера-Стиховите градат мостови“, информираат од ова здружение. Право на учество имаат поети на возраст од 16 до 35 години, кои пишуваат поезија на македонски, албански или на турски јазик. На конкурсот се учествува со испраќање на една...

Глобал војсис: 13-годишно девојче од Турција ги предизвикува стереотипите во атлетиката

Ракометарка од југоисточната провинција на Турција, Шанлиурфа, крши стереотипи додека ја зајакнува поддршката за учество на девојчињата во спортот, како во нејзиното село, така и низ целата земја. Во интервју за една локална новинска агенција од главниот град Анкара, Мерве Акпинар (13) рече: „Ме избркаа кога започнав, велејќи ми дека не можам да носам шорцеви или да играм со...

Рамадани и Вандески македонски претставници на Европското првенство во атлетика во Талин

Двајца претставници од Македонија ќе учествуваат на Европското првенство во атлетика до 23 години, кое почнува денеска и се одржува до 11 јули во Талин, Естонија. Главната база на случувањата ќе биде стадионот Кадриорг. Сенад Рамадани е пријавен на две трки, а 20-годишниот атлетичар денеска се натпреваруваше во трката на 400 метри, додека утре (9 јули) ќе се натпреварува на...

Хрватскиот бенд Свемирко и Дина Јашари со концерти во рамки на јубилејниот Синедејс

Хрватскиот поп-бенд Свемирко и нашата Дина Јашари со бендот ќе настапат на јубилејното 20-то издание на филмскиот фестивал Синедејс. На Синемјузик, на 16 јули, со почеток од 23 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ) свој концерт ќе  одржи Дина Јашари со бендот. „Дина Јашари е дефинитивно најголемото освежување на новата македонска музичка сцена. Со извонреден пристап кон пишувањето песни, прекрасните...

Четири медали за нашите млади математичари на Јуниорската балканска олимпијада

Македонската екипа оствари огромен успех со освојувањето на четири медали на Јуниорската балканска математичка олимпијада 2021, информираат од Сојузот на математичари на Македонија. Нашите млади математичари освоија еден златен, еден сребрен и две бронзени медали. Дамјан Давков го освои златниот медал, Алексиј Тасиќ се стекна со сребрен медал, додека бронзените медали ги освоија Бранко Јангеловски и Леонид Тодороски. На олимпијадата...

Повик за учество на фестивал до млади артисти од областа на визуелни уметности, музика и поезија

Он-лајн Интернационалниот Алтернативен Фестивал “Театарски Европски Алтернативи” – STURM UND DRANG објавува јавен повик за програмата НОВ БРАН (New Wave) која ќе биде дел од програмата на првото издание на Фестивалот кој ќе се одржува од 17.09. до 23.09. 2021 година, информираат организаторите. Покрај Интернационалната и Студентската програма, во рамките на Фестивалот, секоја година ќе се претставуваат уметници од земјата...

Пендаровски им додели „Инженерски прстен“ на најуспешните дипломирани инженерки

Претседателот Стево Пендаровски им го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најуспешните студенти кои дипломирале на факултетите што негуваат инженерски дисциплини, информираат од претседателскиот кабинет. Дури 10 од вкупно 12 добитници на прстенот се жени, односно над 83 проценти. Овогодинешни добитници на признанието се: Марија Петрова од Архитектонски факултет – Скопје; Дејан Геговски од Градежен факултет, Скопје; Маја Шаревска од Машински...

Избрани и наградени најдобрите средношколци на натпреварот на средните училишта во Скопје

Во Градскиот парк на Школка денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов им ги врачи наградите и благодарниците на највисоко рангираните средношколци и на нивните ментори, а беа доделени и благодарници за здруженијата, сојузите, друштвата и асоцијациите за успешно реализирани скопски регионални натпревари, информира Град Скопје. „Денеска ги наградуваме регионалните скопски шампиони, сакам да ја искажам мојата благодарност до менторите, до акредитираните...

За успехот на атлетичарката Дрита Исљами, Градот Скопје ќе ѝ додели 100.000 денари награда

За постигнатиот успех на македонската атлетичарка Дрита Исљами на Европското екипно првенство во Лимасол (Кипар), Градот Скопје ќе ѝ додели на успешната спортистка награда од висина од 100.000 денари. Градоначалникот Петре Шилегов денеска оствари средба со македонската атлетичарка Дрита Исљами, која по втор пат во последните три недели го собори државниот рекорд во дисциплината 400 метри со пречки, информираат градските...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...