Јавен повик на списанието „Современост“ за нови литературни дела

Списание

Списанието литература, култура и уметност „Современост“ упати јавен повик за литературни дела од секаков вид. Не е важно ако не сте афирмирани автори, особено се цени ако сте млади писатели, писателки, поети или поетеси во подем. Ова е ваша шанса вашите литературни дела што се чуваат како фајлови или напишани во специјални тетратки да излезат во печат. Особено се цени ако делата не биле објавени никаде претходно. 

Инаку, упатениот јавен повик се однесува на испраќање необјавени статии од сите редовни рубрики во ова списание: проза, поезија, есеи, научно-истражувачки статии од областа на литературата и културата и рецензии/осврти на книжевни, филмски, театарски, музички, ликовни и други остварувања.

Списанието „Современост“ има тим на релативно млади уредници, кои со големо задоволство даваат простор за млади автори во секој нов број и напорно работат трудот на сите формално да се реализира.

„Современост“ инсистира на тоа да пронаоѓа имплементира нови автори што творат на македонски јазик во секој нов број. Повеќе информации за списанието „Современост“ може да се пронајде на нивната страница на Facebook

Необјавените статии треба да се испратат до списанието „Современост“ до крајот на месец мај со обем од најмногу пет страници во А4 формат, во Ворд документ со фонт Times New Roman (11), напишани на македонски јазик на електронската адреса: [email protected].